Ајдучка трева или на латински Achillea millefolium е повеќегодишна билка.
Ајдучка трева – опис и состав
Расте до околу 80 см во висина. Има тркалезна форма со зеленикава боја, при врвот се разгранува. Има долги и перјесто расцепени лисја кои се назабени на ивиците, бели или пурпурно црвени. Горните лисја лежат на стебликата, а долните имаат петелки.
Има влакна и слаба миризба.
Цветовите се собрани во штитесто соцветие на врвот. Надземниот дел на билката во цут содржи етерично масло, флавоноиди, витамин К, Ахилеин (горчлива материја), смоли, стереоли, танини и др.
Се работи за самониклива и исклучително лековита билка.
Етеричното масло се добива со парна дестилација на билката; содржи пинен, цинеол, тујон, камфор, лимонен, борнеол идр.
Корисност
Се покажала од голема помош во лечење на цревни и желудечни тегоби. Помага против диспепсија, слаб апетит, менструални тегоби и прекумерно крварење. Чисти и зајакнува крв.
Особено е добра за лечење на црн дроб, слезина, панкреас, жолтица, грозница, тропање на срце, болки во половината и во грбот, хемороиди, несоница, разни осипи и чиреви.
Незаменлива е во сите креми и приправки за лечење на рани и исеченици.
Чај од ајдучка трева
Благотворно делува на испукана кожа на рацете, ранливи брадавици на доилки, лечење на кожни осипи, а помага и против ангина пекторис.
Наутро и навечер се прави купка со јак чај од ајдучка трева, помага на нервозни особи и кожни проблеми.
Ајдучка трева е добра при помош против гихт и ревматизам. Добро помага за лечење на шеќерна болест, особено во почетен стадиум. Не ја одложувајте нејзината примена, пробајте.
Контраиндикации за користење на оваа билка се:
Прекумерни количества можата да предизвикаат главоболки, а предолга употреба може да предизвика алергиски осип и осетливост на кожата на сонце.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови