Билни рецепти како помошни лековити средства се едни од најчесто користените во народната медицина.
Билни рецепти кај кивавица
1 кафена лажица Видец стои 5 мин. во 2,5 дл врела вода; процедуваме, додаваме 1 кафена лажица морска сол – полека вшмркуваме во нос, 2-3 пати на ден.
Секогаш се прави свеж чај!
Билни рецепти кај воспалено грло и крајници
Во 2 дл врела вода ставаме 80 гр измелен Ким, вариме 15 мин. – се добива сирупеста маса. Процедуваме и додаваме 50 мл топла вода – грееме до вриење. Тргаме од оган и ставаме 1 супена лажица Вињак.
Се зема по 1 супена лажица на секои 30 мин!
Билни рецепти за потечени крајници
На крпа мачкаме костенов мед, оросуваме со мелен бибер и го ставаме преку кожата на крајниците! Наутро крајниците се веќе повлечени!
Храна и билки за чистење бели дробови од никотин
- Пченка шеќерец – содржи јак антиоксиданс: Бета-криптоксантин!
- Селен – го има во туна, лосос, јајца, јагнешко месо, житарки, лук…
- Лук и Кромид – лукот спречува ширење на канцер
- Ѓумбир – се пие чај од коренот, а се јаде по малку и со оброците
- Портокал – содржи витамини и Криптоксантин
- Коприва – содржи железо, дезинфикува бели дробови од инфекции
- Борови иглици – се испира уста и грло со чај!
Пушењето го намалува колечеството на витамин Ц, Е и А.
Треба да се јаде Брокула, сок од Морков, Портокал, Киви, Калинка, зелен лиснат зеленчук (спанаќ) – особено трудниците.
Наш омилен билен рецепт
Во блендер мелеме 100 гр корен од Оман, 100 гр семе од Анис и 50 гр ленено семе; се меша со 1 кг мед. По 3 дена приправокот е спремен.
Се зема 3 пати по 1 кафена лажица во 1 дл млака вода, со 1 кафена лажица сок лимон.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови