Ако некогаш одвоите 5 секунди да размислите која е најчеста болна ситуација со која сте се соочиле во животот, постои голема веројатност вашиот одговор да биде идентичен со најголемиот број од луѓето. Болки во грло!!!

Постојат различни начини како да се реши тој проблем. Некои пристапи имаат превентивен, а некои тераписки карактер. Постојат голем број лекови, ОТЦ лекови, медицински средства и суплементи кои денеска се широко достапни за општата јавност,

Во продолжение ќе ви претставиме два рецепта, кои можете и во домашни услови многу брзо да ги спремите.

Фитотераписки рецепти:

Спреј за грло – решение за болки во грло

Слика: Женска особа испрскува спреј во грло. Slika: Ženska osoba isprskuva sprej vo grlo.
ТЕРАПИЈА НА БОЛНО ГРЛО СО СПРЕЈ ЗА ГРЛО

Состојки:  150 мл дестилирана вода, 2 супени лажици јаболков оцет, 1 кафена лажица морска сол, 2 супени лажици мед, 5-6 капки етерично масло од Лимон, 3-4 капки етерично масло од Нане и 3-4 капки етерично масло од Еукалиптус.

Се меша добро и се сипа во шише со пумпица – се промешува пред  употреба.
Се чува во фрижидер.

Се прснува на грло неколку пати во денот, по потреба. Потоа не се јаде ни пие барем 30 мин.                     

Домашни пастили – популарен начин за решавање на болки во грло

Слика: Домашни пастили. Slika: Doma[ni pastili.
ДОМАШНИ ПАСТИЛИ ПРОТИВ БОЛНО ГРЛО

Состојки: 1 поголем свеж корен Ѓумбир, ½ шоља кафеав шеќер, сок од ½ лимон, 1 супена лажица мед, 1/8 кафена лажица каранфилче во прав, 80 мл вода; рендаме Ѓумбир, додаваме 80 мл вода, вариме 3 мин. и оставаме да одстои 10 минути. Процедуваме добро, додаваме ½ чаша кафеав шеќер како и другите состојки.

Крчкаме 15-на минути масата да стане како сируп, оставаме 5 мин малку да згусне.

Топла маса се зема со кафена лажица и ставаме на бак-хартија во облик на бонбона. Пастилите ги попрашуваме малку со шеќер во прав и оставаме да се оладат.

Се чуваат во тегла.

Ви посакуваме добро здравје!

Ако имате некои прашања можете слободно да ни се обратите со коментар или директно преку Email: zoran@sobilkidozdravje.mk.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови