Валеријана или на лат. Valeriana officinalis.
Опис, својства и распространетост
Трајна билка со миризливи бели-белољиљакови цветови; расте на влажни места, цути во лето. Коренот се бере пред билката да процути или на есен откако ќе прецвета.
Контраиндикации: не смеат да ја користат трудници и доилки, како и оние кои веќе пијат седативи и барбитурати.
Здравствена корисност на Валеријана
Погодна билка за оние изложени на стален стрес, исцрпеност и лош сон. Обично се земаат капки 2 саата пред спиење. Не предизвикува мамурлак кој се јавува по користење на некои фармаколошки средства.
Валеријана има смирувачко дејство со кое се отклонува напнатост и вознемиреност, а ублажува и депресија. Природна е алтернатива за лекови од групата бензодиазепини, а помага и за одвикување од нив.
Во некои држави Валеријана е службено одобрена за употреба против несоница, нервоза и вознемиреност, а во некои и против хипохондрија.
Има благотворно дејство и на желудникот – ги опушта мускулите и ослободува од грчеви, подуеност и болки во желудник, како и против нагон за повраќање.
Релаксира мускули на системот за варење и така отклонува симптоми на иритабилни црева. Добро делува и против главоболки и мигрена, а ублажува и болки во зглобови и коски. Помага и против ишијас, неуралгии и периферна неуропатија, против Мултиплекс склероза, епилепсија и пореметено внимание кај возрасни и деца.
Валеријана помага и против:
- болести на дишните органи
- женски тегоби
- болести на уринарниот тракт
- висок крвен притисок
- зависност од никотин
- против цревни паразити и др.
Природни рецепти со Валеријана
Има широка лепеза во продавниците за здрава храна и аптеките, но некои можеме и сами да направиме.
Тинктура од Валеријана
Се користи 1 л 40% алкохол, во кој ставаме 50 гр иситнет корен Валеријана, стои 10 дена, потоа се процедува во помали шишенца и добро се затвораат. Се зема на парченце леб (или на коцка шеќер) со накапани 50-тина капки. Одлично помага против несвестица и умни напрегања (исцрпеност), несоница и забрзана или немирна работа на срце.
Чај од Валеријана
Може да му се додаде Нане, Маточина или Камилица – 2-3 гр исецкан корен Валеријана се попарува со 2 дл зовриена вода и стои 20 минути поклопено. Се процедува. 1 ваква чаша се пие пред спиење секако и во текот на денот уште 1-2 чаши.
интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови