Витамин Д – најновите истражувања потврдиле позитивно дејство во превенција на грип и ублажување симптоми на грип и настинки! Има сознанија дека е дури поефикасен и од вакцините.

Опис, својства, состав

Луѓе со низко ниво на овој витамин почесто заболуваат од грип. Во 2009 година вршени се испитувања на пандемијата „H1N1“ и утврдено е дека луѓе со високо ниво на т.н. „CD8Т“ клетки имале само благи симптоми на грипот или сосем изостанале; овие клетки се создаваат со сончање.

Овој витамин е познат и како ,,сончев витамин“, претставува прохормон составен од неколку соединенија; двата најважни се Д2 (ергокалциферол) и Д3 (холекарциферол).

Извори на Витамин Д

Организмот го произведува под дејство на сончеви зраци.

Се внесува и преку некои намирници од животинско потекло и житарки, но во многу помало количество! 20 минути сончање дава доза од 250 микрограма од овој витамин. За истото количество треба да испиеме 10 л млеко!

Недостаток на Витамин Д

Во минатото се поврзувало само со рахитис и остеопороза и се верувало дека недостаток од овој витамин нема други поважни последици. Недостаток може да предизвика многу други заболувања, како на пример мултипла склероза и рак.

Симптоми на недостаток на Д витамин:

  • болки во коски,
  • слабеење,
  • силно потење,
  • мускулна слабост,
  • хроничен замор и малаксалост,
  • депресија,
  • раздразливост.

Недостаток на витамин Д може да биде поради:

  • недоволно излагање на сончева светлина,
  • целодневен престој во затворена просторија,
  • користење на креми за сончање,
  • строга веганска диета со краток престој на сонце,
  • темна боја на кожа (меланин намалува способност на кожата да произведува витамин Д),
  • зголемена разградба на овој витамин (од лечење со кортикостероиди на пример),
  • намалена апсорпција на овој витамин (некои болести, како што се цистична фиброза, целијаклија или Кронова болест, влијаат на способноста на дигестивниот систем да апсорбира
    Д витамин од храната).

Препораки

Обезбедете доволно од овој витамин со престој на сонце 20-тина минути, 3 пати неделно, ова е доволно. Во зимските месеци конзумирајте суплементи.

Примена

Денес овој витамин се повеќе се употребува за лечење и превенција на рак како и за сузбивање на автоимуни болести. Помага и за регулирање на телесна тежина (против гојазност).

Витамин Д – здравствена намена

Превенира и помага во лечење на;

  • дијабетес,
  • хипертензија,
  • астма,
  • кардио-васкуларни болести,
  • грип,
  • пореметување на имунитет,
  • псоријаза,
  • карцином на дебело црево, на простата и дојка,
  • мускулни и бубрежни заболувања,
  • автоимуни болести (мултипла склероза, ревматоиден артритис),
  • депресија…

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови