Зајчев трн, Гладиш или на латински Onosis spinosa.

Опис

Повеќегодишна коровска билка, со многу долг и жилав корен. Расте во висина до 50 см, стебликата е грмушкаста, цврста и разгранета, со трнливи изданоци. Во пазувите на лисјата има цветови со црвено-љиљакова боја. Го има на суви и посни терени, по ливади и пасишта, до 1500 м надморска височина.

Цветање и берба на Зајчев трн

Цвета во Јуни и Јули, се бере пред сосем да се развие и созрее, инаку по тој период станува штетен по здравје.
Освен цветовите, се берат и лисјата, коренот се копа во есен 3 години стар или на пролет 4 години стар. Од 3 кг сиров, се добива 1 кг сув корен.

Состав

Коренот содржи: етерично и мрсно масло, гума, скроб, шеќер, белковини, смоли, танин и цитронска киселина, фитостерин, неколку гликозиди (Оноин и Оноит). Содржи феноли кои намалуваат воспалителни процеси, лектини, медикарпини и тритерпеноиди.

Современата фитотерапија оваа билка ја препорачува за водена болест, камен и песок во бубрези, особено против уринарни инфекции, поттикнува исфрлање на соли од организмот и така регулира крвен притисок.

Рецепти со Зајчев трн

Чај од корен и цвет

Помага против гихт, хронична реума, болести на срцето, потикнува работа на бубрези, се користи за испирање на уста, спречува крварење во усната шуплина и одлична е превенција за воспаленија на гингивата т.е. месото околу забите.

Билката содржи сапонини, па на почеток на користење на чај доаѓа до поголемо излачување на урина, за потоа таквото дејство да се изгуби. Не се препорачува зголемена доза на чај, туку да се направи пауза од 4-7 дена и потоа пак да се пие чај, најчесто повторно доаѓа до зголемено лачење урина.

Чај од лисја на Зајчев трн

Чај од лисјата на билката се употребува и во ветерината, се дава на коњи за подобро да мократ. Сосем млади лисја имаат сличен вкус на грав па се користат за варива и супи, а свежи цветови обично се ставаат како декор за салати и предјадења.

Како облога на кожата се користи против бубулици, а забрзува и зараснување на рани.

Чај оц цветовите

2 супени лажици цвет се прелеваат со 7 дл зовриена вода, стојат 15 минути и се процедуваат. Се пие три пати на ден по 1 чаша.

Каде се може да помогне Зајчев трн

Кај забоболка

1 кафено лажиче иситнет сув корен се прелева со 2,5 дл јаболков оцет и се вари на тивко 15 мин. Се процедува; со топол чај се жабурка во устата колку можеме подолго.

Кај бубулици

Во шише ставаме 30 гр корен од зајчев трн и прелеваме со 2 дл 70% алкохол; по 3 недели се процедува. Се мачка на проблематична кожа.

Кај Реума и артритис

  • Во 1 л бело вино ставаме 50 гр корен и вариме 10 минути. Во тоа умотуваме ткаенина, малку исцедуваме и обмотуваме околу болни зглобови.   
  • 20 гр  прав од корен ставаме во 3 дл вода, оставаме да одстои цела ноќ. Наутро загреваме и вариме 10 мин, тргаме од шпорет и оставаме 20 мин да се разлади. 2-3 пати во денот се пие по 1 чаша. Истовремено со пиење на овој чај, се пие и повеќе течност – зајчев трн е јак диуретик. Ова се прави најмногу 14 дена, а по пауза од 2-3 недели може да се повтори.

Чистење на крв со Зајчев трн

6 гр прав од корен вариме 5 минути во 2,5 дл вода. Оставаме да одстои 10 минути и процедуваме. Се пијат 3 вакви шољи на ден. Чајот е добар и против низок притисок, катар на бешика, болести на бубрези и срцеви тегоби кои предизвикуваат отекување на нозе и на стомак.

ВНИМАНИЕ:
Зајчев трн при нормална употреба не е штетен, но треба да се внимава доколку имате едеми настанати од срцева и бубрежна инсуфициенција.
Зајчев трн не се препорачува ни во период на бременост и доење.
Особено не се препорачува и доколку имате висок крвен притисок и тромбофлебитис!!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови