КОНДИЛОМИ или генитални брадавици; заразно полно преносливо заболување предизвикано од ХПВ вирус.
Се работи за израстоци од 1-3 мм. Заболуваат речиси подеднакво и мажи и жени, но кај жените се видливи и почести.
Кондиломи – симптоми
Брадавици во разни форми и бои (беличести, розеникави, кафеави, темни).
Кај жени: се јавува свраб, засилен секрет, исцедок од вагина, болки при полов однос, вагинално крварење.
Кај мажите се јавуваат брадавици, осип или црвени и розеникави точкици на пенисот или околу коренот на половиот орган, на кожичката, како и околу аналниот отвор. Можни се и тешкотии при мокрење.
Кондиломи – лечење
Консултација со лекар!
Мора да се лечат и двата партнера. Најчесто се применува хемиска терапија – креми и тинктури, Криотерапија (замрзнување), горење со ласер и отстранување со радиоталаси!
Кондиломи – Лековити билки кои се додаток на основна терапија
а) Тинктура од Росопас и Лук: во тегла ставаме 1/1 Росопас, ситно сецкан Лук, Дивизма и Крушина; сипаме до врв 60% алкохол, по 10 дена процедуваме, филтрираме.
б) Кантарионово масло: тегла од 1 л до пола полниме со Кантарион, и до врв налеваме маслиново масло; стои 5 дена со капак полустегнат, потоа добро го затвораме и стои уште 1 месец на топло. Се процедува во стаклени шишиња. За надворешно мачкање на кондиломи!
в) Прополис: се мачкаат кондиломите, ефикасен лек; додека орална примена за јакнење на имунитет!
г) Реиши: екстрактот помага во борба со ХПВ вирусот. 150-300 мг секој ден.
д) Лист Маслина: содржи Олеуропеин – ефикасно се бори со вируси, па и со ХПВ. Суплементи или чај: 1 кафена лажица 30 мин во 2 дл врела вода, се процедува. 2-3 чаши чај на ден!
ѓ) Сибирски Жен-Шен: јак природен адаптоген! Содржи Елеуротеид – зајакнува имунитет, ефикасно уништува и ХПВ вирус! Луѓе со Хипертензија и срцево болни – да не користат подолг период (консултирајте лекар).
Ранички на грло на матка
1/1 Ајдучка/Невен/Овчарско торбиче; 1 супена лажица смеса стои 20 мин во 2 дл врела вода, процедуваме.
По 1 чаша секогаш свежо направен чај пред ручек и вечера, незасладен, 6 недели!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови