Линцура жолта или на латински Gentiana lutea е подетално испитана дури во 20-от век, иако има записи за нејзино користење стари преку 2000 години!
Опис и својства
Како во класичната, така и во народната медицина, се користи коренот на т.н. Жолта Линцура (Gentiana lutea Radix). Исклучително е горчлива, содржи горчливи Хетерозиди. Не содржи Танини и затоа може да се меша со многу други билки во лековити цели.
Примена на Линцура
Стимулира подвижност на желудникот и поинтензивно лачење на желудечен сок, стимулира празнење на жолчната кеса и лачење на жолчка.
Класичната медицина го користи како средство за јакнење на организмот. Во народната медицина се користи против болки во стомак и гради, против грозница, за опоравување и за подобрување на апетит.
Коренот се користи за правење тоник (со ракија) или се вари.
Линцура се користи и за лечење на анорексија, атонична диспепсија, при гастроинтестинална атонија, а особено кај диспепсија (органите за варење, пред се желудникот и почетниот дел од тенкото црево, не можат нормално да ги извршуваат своите функции) со анорексија.
Жолта Линцура се користи и за производство на алкохолни пијалоци, на пример Кампари, а се прави и прочуена домашна ракија Линцура.
Контраиндикации
Не би требало да ја користат особи со повишен крвен притисок, особи со чир, влијае и на менструален циклус и не се користи ни во бременост, а ни во тек на лактација.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови