Мед во комбинација со билки против настинки и грип. Доцна есен, зима и рана пролет носат тегоби како болки во грло, настинки и грип.

Опис, својства, состав на овие комбинации

Мед содржи многу антиоксиданси, витамини и минерали – има анти-бактериско, анти-вирусно и анти-воспалително дејство. Подига имунитет и енергија, намалува болки во грло и кашлица.

Можеме самите да подготвиме превентивни средства и помошни средства против некои болести! Состојките се лесно достапни – мед, лук, ѓумбир и медитерански зачини Рузмарин и Тимијан. Одлична се помош против инфекции на дишните патишта. Билките и зачините во мед испуштаат активни материи, а синергија на мед и билки осигурува висока апсорпција на лековити состојки во организмот.

Мед во комбинација со билки – Тинктури

Штом осетите пецкање во грло или пак почнете често да кашлате почнете со оваа приправка. Можете да ја земате и превентивно! Се зема со лажица, но може да се стави и во топол чај и ќе добиете одличен имуно напиток!

Сиров Лук е познат лек со векови против бројни респираторни болести како болки во грло, астма, бронхитис, грип и воспаление на бели дробови. Еден е од најмоќните природни антибиотици. Содржи Алицин – состојка со силно анти-оксидативно дејство.

Ѓумбир меѓу другото, содржи и Гингерол – состојка со анти-воспалително дејство која намалува ризик од инфекции. Загрева и потикнува потење и така намалува телесна температура. Одлично делува и на системот за варење.

Рузмарин и Тимијан имаат анти-воспалително и аналгетско дејство! Тимијан помага исфрлање на слуз, а тоа намалува и кашлица. Слично делува и Рузмарин.

Рецепт за Медна инфузија

Состојки:
2,5 см парче Ѓумбир, 4 средно големи чешниња лук, по 2 стеблики свеж Рузмарин и Тимијан, 220 гр мед.

Подготовка:
Рендаме лук и ѓумбир и ги сипаме во тегла од 0,4 л. Додаваме гранчиња (преполовени) Рузмарин и Тимијан и сипаме мед. Теглата ја оставаме на прозорец осветлен со сонце 12-14 дена. Секој ден теглата ја завртуваме удолу-угоре. Потоа се процедува и медената инфузија е готова. Се чува на темно место. Најдобро е да се искористи за 9-12 месеци.

На ист начин можат да се направи меден приправок и со други билки, на пример со Лаванда и Камилица…

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови