ПСОРИЈАЗЕН АРТРИТ понекогаш се јавува кај заболени од Псоријаза како хронично воспаление на зглобовите, со красти, ранички, болка, оток и укочени зглобови на раце и стапала и промени на очите (Коњуктивит).
Видови псоријатичен или псоријазен артрит
- Асиметричен артрит – видливи се отоци на зглобови и т.н. кобасичарски прсти
- Симетричен полиартрит – сличен е на ревматоидниот артрит, со псоријатична кожа
- Мутилантен артрит – заболени коски со телескопски изглед на прсти и опсежни деформитети
- Сакроилијачен артрит и Спондилитис – со време настанува и периферен артрит, заедно со манифестации на зглобовите, доаѓа и до промени на петната коска и ноктите (со вдлабнатини и испакнатини со оштетена плоча на ноктите). Често пропратен со тегоби на очите – Коњуктивит.
Исхрана кај псоријазен артрит
Не треба да се јадe:
Месни преработки и супи од месни преработки, чадено месо и свинско месо, сите киселини, конзервирана храна, луто, слатко, солено, бибер, туршија, цимет, чоколадо, мајонез, кечап, цитрусно овошје и негови преработки (џемов, пекмез, џусеви).
Црвено месо и млечни производи да се јадат поретко.
Дозволено е да се јаде:
Салати со кисела павлака, млеко и млечни производи со мала масленост, пилешко, мисиркино, телешко, зајачко месо, смрзната и свежа риба, лесен зеленчук. Почесто да се јаде компот од Јаболка, барено месо и житарки, чаеви и домашни сокови.
Алтернативна медицина кај псоријазен артрит
Билки кои смируваат псоријаза
Чичока, Блушт, Бршлен, Невен, Петровец, Ајдучица, црвен Кантарион, како и сулфурести, танински и сапонински билки.
Чаеви
Бел Слез, Зајчев трн, корен од Коприва.
Рецепти:
- Во 4 дл врела вода ставаме 3 кафени лажици жолт Кантарион и 1,5 кафена лажица Ајдучица. Врие на тивко 3 мин., оставаме поклопено 8 ч, потоа процедуваме. Се пие по 1 дл на ден., 40 дена
- 20 гр црвен Кантарион, 15 гр корен од Чичока, 15 гр Невен, 10 гр Кантарион и по 5 гр Ајдучица и лист Сапуњарка, 5 супени лажици 2 ч во 0,5 л врела вода, се процедува. Се дели на 3 чаја, се пијат пред главните оброци, со по 1 кафена лажица мед
- Во 1 л врела вода ставаме по 10 гр Кантарион и Жалфија, по 10 мин се процедува. Се дели на 4 чаши за 1 ден. Кожата се мачка со мелем
- Мешаме по 2 супени лажици сув и ситно сецкан лист и цвет црвен Кантарион и Ајдучица, по 1 супена лажица корен од Чичока, Водопија и Целер. Сето тоа се става во 1,5 л врела вода, по 2 ч процедуваме. По 2 дл пред оброк, по желба со мед
- Исто како претходниот рецепт само мешаме по 2 супени лажици лист и цвет Подабиче и лист Коприва, 1 супени лажици лист Капина, корен од Чичока и од Целер; се пие по 2 дл по јадење
- По 1 супена лажица лист и цвет Подабиче, црвен Кантарион и Ајдучица, корен од Чичока и корен Пиревина, лист Коприва, корен од Магдонос – постапката е иста како кај претходните 2 рецепти
- 40 гр лист Гавез, 30 гр лист жолт Рузмарин, 20 гр плод Црн Трн сув или свеж, и 10 гр Црвоточина; 20 гр смеса прелеваме со 1 л врела вода, вариме на тивко 5 мин., по 30 мин. се процедува и се пие во голтки во 1 ден
Антиоксиданси
- Бета-каротен
- Фолна киселина
- Цинк
- Бакар
- Омега-3 масни киселини
- Сардина
- Скуша
- Пастрмки
- Туна
- Семки од лен
- Сончоглед
- Сусам
- Моркови
- Кајсии
- Манго
- Зелен лиснат зеленчук (содржи бета каротен – во телото се претвора во А витамин).
- Бразилски орев изобилува со Селен, учествува во производство на ензим Глутамин пероксидаза (стопира некои тригери на Псоријаза)
- Житарици
- Црн леб
- Екстракти на квасец содржат многу фолна киселна
- Брокули
- Зелка и друг зеленчук содржат фолати (природен облик на фолна киселина)
- Школки и ракови содржат Цинк
Облоги
- Масло од Клека
- Мелеми со Куркума ладат кожа и ублажуваат болка
- Навечер прелеваме 200 гр ситно сецкана корка од Даб со ладна вода; наутро се додава во када со млака вода, се лежи 20 мин, потоа се бришеме со крпа
- Купка: по 100 гр корен од Слез и Коњско Опавче, киснат 12 ч во ладна вода. Навечер се процедува и се сипа во када со топла вода…исто како претходната купка
Масти и купки кај псоријазен артрит
- Мешаме по 100 гр козји лој и срж од говедска коска, по 150 гр Ајдучица и Подбел, 50 гр лист Орев и 100 гр Полен; се прави со маслиново масло и пчелин восок. Пред мачкање, местото се чисти со сварен Рен
- Мешаме по 100 гр Камилица и Рањеник, по 50 гр Ајдучица, Кантарион, латици Невен, Жалфија, иглици Рузмарин, лист Орев; прелеваме со маслиново масло, загреваме на 40 степени, стои 24 часа, пак загреваме, процедуваме и додаваме 400 гр стопена свинска маст и 100 мл Прополис. Матиме со миксер и пакуваме. Се чува во фрижидер
- За лушпи со красти: во соковник мешаме и вадиме сок од измиен Росопас; се прави во свинска маст 1:10, а може истото и со сок од црн Слез (и Невен)!
- Купка: со екстракт од Здравец или по 100 гр Коњско Опавче и Црн Слез. Се потопува во ладна вода, стои до 8 ч, се процедува и се истура во када со млака вода. Се лежи 20 мин во ниво на вода под срцето!
- Мешаме 3 супени лажици свинска маст, 20 аспирина во прав, 1 супена лажива сода за леб, наутро и навечер местото тенко се мачка со маслиново масло, по 10 мин. се мачка со мелемот, стои 2 часа. Се мие со благ чај од Камилица. За 2 недели кожата се чисти и се појавува здрава кожа
- За псоријаза вулгарис, чиреви и тешки рани: топиме 1 кг свинска маст, ставаме по 25 гр лист Орев, Невен, Камилица, Кантарион, Ајдучица. Стои 24 ч, пак загреваме, додаваме 200 гр стопен пчелин восок и 100 мл Прополис. Се меша добро и се пакува. Се мачка 2-3 пати на ден
- Друг рецепт за маст: борова смола, пчелин восок, мед, лимон, цимет, маслиново масло
- Купка: во 5 л вода се става 200 гр Коњско Опавче и 100 гр Црн Слез, стојат 12 ч; се остава да зоврие и се сипа во када со топла вода, се лежи 20 мин., потоа се оди во кревет да се испоти телото
Мелеми кај псоријазен артрит
- Мешаме по 1 супена лажица ситно сецкан лист Коприва и Капина, лист и цвет Рањеник, 3 супени лажици мед и ставаме во фрижидер. Мачкаме навечер, се покрива со газа и завој, наутро се мие со благ чај од Камилица
- Мешаме по 3 супени лажици ситно сецкан лист Сапуњарка, лист и цвет Разгон, цвет Невен, лист Коприва се става во 300 гр стопена свинска маст, крчка на пареа додека да стане каша. Се мачка, се става завој, стои 2 ч, се нанесува 3 пати на ден и се измива со чај од Камилица.
Испирање: 5 супени лажици ситно сецкан лист Коприва во 1 л врела вода, по 2 ч се процедува во шише. Ова е добра дезинфекција за кожата!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови