Рак на дојка е најчест вид на тумор кај жените, излечив е 90% ако се открие навреме! Почесто се прави самопреглед, еднаш годишно ултразвук и еднаш во 2 год. мамографија.    

Симптоми кај рак на дојка

Се пипаат грутки и чворчиња во дојка, понекогаш се со воденест, гноен и сукрвичав исцедок од брадавица или увлечена кожа и брадавица – ова се симптоми на веќе напреднат стадиум, ако чворчињата болат, веднаш се оди на лекар!! 

Ризик фактори за рак на дојка                               

Наследен фактор, жени кои поради рана или задоцнета менопауза примаат хормонска терапија, жени кои не доеле или не раѓале деца и други.

Ракот на дојка е хормонски зависен

Зголемено ниво на Естроген се поврзува со рак на дојка. Честа причина е прекумерно конзумирање на алкохол и мрсна храна – гојазност. Ризик е и јадење на многу месо бидејќи хормоните во сточната храна стимулираат создавање на Естроген!

Црниот дроб има улога да елиминира Естроген и други штетни материи, но ако не се исчисти од нив, му се пореметува функцијата. Можен ризик е и дисфункција на лимфниот систем, важен дел од имуносистемот, кој помага одстранување на Ксеноестрогени, кои можат да се угнездат во масното ткиво на дојката.                                           

Природен рецепт за превентива: рендаме поситно 200 гр Ѓумбир и мешаме со 500 гр мед; оставаме да одстои 1 ден во фрижидер. Се зема 3 пати на ден по 1 супена лажица пред јадење, барем 4 недели. 

Превентивно прочистување на крв и лимфа

Се приготвува чај од 15 гр Црвена Детелина, по 5 гр лист од Малина и цвет од Кантарион, се попарува со 2,5 дл врела вода, по 10 мин. киснење се процедува. 15-20 дена се пијат по 2-3 чаши на ден.   

Секојдневно се пијат по 1-2 чаши чај од Мачкина трева (marubium vulgare), одличен прочистувач на лимфниот систем и добар против фиброаденоми и рак на дојка. 

Препораки за исхрана

Да се консумира претежно растителна храна!

Зелка, брокула, кељ, прокељ, карфиол забрзуваат одстранување или апсорпција на естрогени (поттикнувачи на рак на дојка) така што го забрзуваат неговиот метаболизам. Состојките Индоли дури до 50% забрзуваат процес на деактивација на Естрогени.

Пченични трици: нивните влакна се нерастворливи, и преку сложен активен био-процес на бактериите во дебелото црево се намалува количество на Естроген што оди во крв.  

Грав: има фитоестрогени (блокираат активност на Естрогените). Содржи и други антиканцер состојки, одличен како намирница за превенција на рак на дојка.                                                         

Овошје и зеленчук: потребни се 380 мгр витамин Ц дневно за борба со рак. 

Лук: делува превентивно, има силно антикацер дејство.  

Лен: секојдневно умерено јадење семки од лен спречува настанок и успорува ширење на малигни клетки!  

Бобичасто овошје: содражат фитонутриенти, Антоцијанини, кои спречуваат настанок на пре-малигни клетки и нови крвни садови преку кои се храни ракот. 

Орев: има фитостероли кои ги блокираат рецепторите на Естроген во клетките на ракот на дојка и успоруваат развој на малигни клетки.

Домат, Морков, Диња – содржат каротеноиди, намалуваат ризик од рак, исто и Маслиново масло.

Да се јаде Горка Диња (Карелиа), содржи многу Лектин (глукопротеин); Да не ја јадат трудници и доилки!   

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови