Руса трева или росопас или на латински Chelidonium majus е одличен чистач на црн дроб, помага кај канцер на матка, егземи, болни бели дробови и желудочни проблеми, хемороиди, цисти и миоми, брадавици…
Опис
Зелјеста билка. Најчесто расте на осојни и влажни места покрај патишта и огради. Расте и до 80 см во висина, а почнува да цвета во април. Цветчињата имаат жолта боја, сместени се на врвот од стебленцето. Целата билка е лековита, но најчесто се користи надземниот дел.
Но, кога ќе се исуши се користи прочуениот чај од росопас. Пред да процвета се вади коренот, а после цветањето се кинат листовите и се сушат. Ова се прави на топло и суво место, на провев.
КОНТРАИНДИКАЦИИ: Не се употребува свежа за внатрешна употреба – има токсични материи, а особено нејзиниот корен.
Рецепт со Руса трева – Коњак за карцином на генитални органи и за хемороиди
Состојки: 1 грст свежа билка Росопас – Chelidonium majus, 500 мл коњак или ракија.
Билката се става во коњакот, се затвора и се остава да стои 4-5 недели на сонце. Се процедува и се чува затворено во стаклен сад.
Употреба: се пие по 1 супена лажица три пати на ден.
Лековити својства на Руса трева
Го прочистува црниот дроб
Росопас има депуративни својства што значи дека може да се користи за чистење на црниот дроб. Делотворен е и за детоксикација поради својата способност за елиминација на отпадоци и токсини од организмот.
Рецепт за чистење на црн дроб:
50 гр Руса трева, 50 гр корен од Глуварче, 50 гр Нане.
Две големи лажици од мешавината прелијте со 500 мл зовриена вода, промешајте и оставете неколку минути. Процедете го и пијте од чајот во тек на цел ден. Еден циклус трае 21 ден.
Руса трева подобрува дигестија
Росопасот е особено ефикасен при лекување на грчеви, подуеност и чувство на мачнина во стомакот. Екстракт од оваа билка многу успешно помага за решавање на наведените проблеми.
Помага за производство на жолчен сок и други дигестивни ензими кои се одговорни за ефикасно варење на храната. Се користи и како природно средство за помош при чиреви.
Лековито делува на упорна егзема
Многу е делотворна кај кожни проблеми. За оваа цел особено се користи маслото од руса трева. Содржи антибактериски и антимикробни особини и многу успешно лекува атописки дерматитис.
Руса трева за анксиозност и проблеми со спиењето
Оваа билка има наркотички својства, па затоа не треба да се консумира во поголеми количества, а во мали дози помага за елиминација на напнатост и анксиозност.
Поседува моќни антимикробни својства
Руса трева е позната како лек за забоболки и проблеми со непцата. Екстрактот има моќни антибактериски својства против неколкку видови бактерии. Со векови се користи за третман на разни хронични заболувања на кожа.
За цисти и миоми
Измешајте 2 супени лажици росоопас (сува билка) со полна лажица мед. Оваа смеса консумирајте ја следните 21 ден, потоа направете пауза од 7 дена. Најдобро е багремов мед, а освен него можете да користете ливадски (ако не сте дијабетичар).
Во народни рецепти кои имаат лековити својства и помагаат кај цироза на црн дроб, често се додава корен од глуварче,
Рецепт за чај од Руса трева
За внатрешна употреба се користат само сувите делови од билката. Чајот од росопас можете да го пиете сам или во комбинација со други лековити билки. Начинот на приготвување е целосно ист како и кај другите билни чаеви. Една супена лажица сува билка се прелива со 200 мл врела вода, се поклопува и се остава 5 мин. Потоа се процедува и се пие. Дневно се пијат максимум 2 чаши чај во тек на 14 дена. Потоа мора задолжително да се направи 7 дена пауза. По потреба се повторува третманот со чај.
Рецепт за астма и разни сезонски алергии
50 гр росопас, 50 гр добричица, 50 гр тегавец, 50 гр подбел.
2 рамни лажици од смесата прелијте со 500 мл зовриена вода, поклопете и оставете 15 минути. Потоа процедете и испијте ја течноста во тек на еден ден. Може да се заслади со мед, по желба. Се пие 14 дена па се прави пауза од 7 дена, па се повторува уште еднаш.
Рецепт за брадавици
Потребна е упорност: брадавиците се мачкаат со свеж сок/млеко од скината билка.
ТИНКТУРА
Се нанесува на брадавици или се натопуваат памучни облоги и се ставаат на проблематичното место.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови