Системски Лупус е автоимуна болест, стручен назив е Системски еритемски Лупус. Најчесто се јавува помеѓу 15 и 45 години старост, а поретко во раното детство или во староста.
Опис на болеста
Науката нема дециден одговор за причинителот на болеста! Се укажува на дејство на повеќе внатрешни и надворешни фактори, гени, хормонска нестабилност во пубертет, вирусни и бактериски инфекции, поради дејство на некои лекови, од излагање на сонце, од јак стрес.
Заболувањето настанува поради погрешна реакција на имуносистемот кој создава антитела и кои по грешка напаѓаат здрави органи и ткива.
Симптоми на болеста
Во почетокот на болеста симптомите се речиси непрепознатливи.
Симптоми се разни воспаленија на бубрези и на нервниот систем, артритис и појава на цитопенија во крвната слика. На лицето се јавува црвен кожен осип во форма на пеперутка. Понекогаш има појава на губиток на коса, болки, црвенило на зглобовите на рацете и стапалата, воспаление на срцевата марамица со болка во градите, а често има проблеми и во системот за варење – мачнина, повраќање, отежнато голтање, воспаление на панкреасот, па и зголемување на црниот дроб.
Лупус често зафаќа и централен и периферен нервен систем, со појава на чести главоболки, мозочни удари, промена на личноста и други посериозни компликации!
Квалитетот на животот е многу нарушен!!!
Пореметен имуносистем често знае да биде и поради нарушено здравје на цревата и системот за варење. Две третини од имуносистемот се крие во ѕидовите на цревата. Многу болести започнуваат токму поради пореметувања во цревата и дигестивниот тракт. Потребно е да се утврди дали заболениот можеби пати од Целијаклија, како и да се утврди нивото на отрови во организмот.
Исхрана кај системски Лупус
Многу треба да се внимава на исхраната!
Непожелни се плав патлиџан, домати, пченица, пченка, кравјо млеко, говедско месо, кофеин, тутун, парфеми, како и мрсна храна и храна богата со адитиви и шеќери.
Во секој случај, болеста е крајно сериозна и мора да се следи од матичен доктор и доктор специјалист. Мора да се следат докторските совети и терапијата, а за евентуална дополнителна помошна терапија секогаш да се бара мислење од доктор!!!
Природна терапија кај системски Лупус
Целта на оваа терапија е ублажување на симптомите!
Помагаат некои имуномодулатори, како на пример некои печурки, Реиши е прва меѓу нив (Ganoderma lucidum), потоа Шитаке, Маитаке, корен од Астрагалус.
На пациентите често им се препорачува внес на Омега-3 масни киселини во исхраната (ги има во семе од Лен, Чија семе, Ореви, Бадеми), како и Калинки, Вишни, Цреши, Краставици и Дињи.
Додатна терапија кај системски Лупус
Треба да се внесуваат и пробиотици.
Кефир, Јогурт, Комбуха, кисели краставици и кисела зелка. Потребно е да се нормализира PH вредноста на организмот, добар сојузник во тоа е сирово овошје и зеленчук – содржат многу влакна и есенцијални минерали и витамини. Корисни се лук и кромид, шпаргли, артичоки, пиперки, цвекло, шампињони, авокадо и др.
Рецепт за зајакнување на организмот
Лупиме и рендаме 3 кг цвекло и 2 кг кисели јаболка, се додава сок од ½ кг лимон и 2 кг мед и добро се меша со пластична лажица. Се чува во фрижидер. Се зема три пати на ден по 1 супена лажица.
Облоги за болки во зглобови
Мешаме по 100 гр мед, јаболков оцет, брашно и комовица; се прави тесто и се става на болниот зглоб. Зацврстуваме со фолија и одозгора виткаме со завој. Наутро облогата се фрла, а местото се мие со млака вода. Ова се прави 5-7 дена.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови