Сладич (Сладок Корен) или на латински Glycyrrhiza glabra е повеќегодишна билка, расте до 1 метар во висина. Помага кај многу болести. Има антидепресивни својства и добра е замена за Кантарион.
Опис, состав и својства
Има гроздести долгнавести цветови со бледо-љиљакова боја, долги околу 3 см. Коренот е многу сладок, содржи активна супстанца Глицирзин 50 пати послатка од шеќерот. Содржи многу потенцијално лековити супстанци, како Флавоноиди и Фито-естргени. Делува на хормонот Кортизол и така зајакнува отпорност на стрес. Затоа е добро да се користи при поголем физички или психички напор.
Сладич во Менопауза
Сладичот и приправоци од него се многу благотворни за жени во менопауза. Намалуваат ноќно потење и валунзи дури до 80%, овозможуваат поквалитетен сон. Природните комбинации во Сладичот се слични со хормонот Естроген, кој во таа возраст опаѓа. Има предлози Сладичот да биде воведен како сигурна и здрава алтернатива на хормонската терапија, поради неговото дејство на Кортизол и Естроген. Сладичот намалува производство на Тестостерон до 50%, со што подобрува состојба на кожа и коса и намалува раст на непожелни влакненца.
Сладич кај мажи
За оние мажи кои имаат многу тестостерон, а не сакаат да бидат без коса на главата.
За надворешна употреба: најдобро е да се комбинира со Борач (Borago officinalis), билка која исто така намалува делување на тестостерон, а содржи и состојка која спречува претворање на тестостерон во дихидротестостерон (ДХТ), кој има клучна улога во опаѓање на коса кај мажи. Билката може едноставно да се додаде во шампон за коса.
Употреба
Други корисни дејства на Сладичот се: зајакнува имунитет, има анти-воспалително дејство, спречува алергии, уништува бактерии, вируси и габички. Ублажува тегоби со дишење, штити од срцеви заболувања, спречува развој на акни, сузбива болки во мускули и зглобови, подобрува расположение, намалува депресија и др.
Рецепти со Сладич
За кратковидост
Мешаме по 1 кафено лажиче иситнет корен од Сладич, мед и шеа (Гхи) путер; се пие со млеко, два пати во текот на денот.
За желудник и грло
За желудечни тегоби се зема прав од Сладич. За воспалено грло, се џвака и се исцицува парче суров Сладич.
Кај сува кашлица
Се прави смеса од Сладич и мед.
Кај болки во мускули и зглобови
Ставаме корен Сладич во вода преку ноќ; наутро се пие водата.
Сладич против опаѓање на коса
Мешаме 2 супени лажици мелен корен Сладич, 4 супени лажици млеко и еден прстофат Шафран (вид зачин); навечер се мачка на зафатените места. Оваа паста е ефикасна во почетниот стадиум на опаѓање на коса и против првут.
Кај полицистични јајници
По ½ кафено лажиче Сладич и Борач прелеваме со 1,5 л. вода и по 5 мин. процедуваме. Се пие по 1 чаша по главните оброци, 4-6 недели.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови