Хламидија е сексуално пренослива бактерија!

Честа е кај особи кои менуваат партнери. Ако ја има трудница, може да се пренесе на новороденчето и да предизвика воспаление на бели дробови и коњуктивит. Ретко, но можен е пренос и преку пешкири и допир со други предмети (не-сексуален пренос).

Симптоми

Во рана фаза речиси ги нема, па тешко се забележува на време.

Во подоцнешна фаза: 

кај мажи: се јавува исцедок со светла боја, болка во мочната цевка и во долниот дел на стомакот, воспалени и натечени, болни тестиси;

кај жени: зачестено болно мокрење со пецкање, појако лачење на вагинален секрет (жолчкаст, густ и леплив), болки во долниот дел на грбот, вагинални крварења меѓу два циклуса, или по пенетрација.

Хламидија – лечење

Ако не се лечи на време, можат да настанат озбилни здравствени и репродуктивни компликации со краткорочни и долгорочни последици.

Кај жени – нелечена инфекција може да се прошири на матка и јајоводи, да предизвика воспаление на мала карлица и оштетување на околно ткиво, да предизвика стерилитет и ванматерична бременост, предвремено породување, делумно или целосно зачепување на јајоводот и да зголеми ризик за развој рак на материца.

Кај мажи – Хламидија може да предизвика инфекција на уринарниот тракт и Епидидимисот – кој спроведува сперма од тестиси до семевод; последица е воспаление на семевод, воспаление-оток-болка во тестиси, поретко и стерилитет; сосем ретко предизвикува и артрит!

Хламидија успешно се лечи со антибиотици, но, мора да се лекуваат и двата партнера!

Во терапија на Хламидија и стерилитет добро се покажала и примена на Колоидно сребро!  

 

Slika: Koloidno srebro. Слика: Колоидно сребро
КОЛОИДНО СРЕБРО – ОБРАБОТЕНО

Исхрана

Ризик за развој на Хламидија и други бактерии се зголемува при ослабнат имунитет!

Имунитет се зголемува со правилна исхрана, добар сон, физичка активност!

Да се пијат свежо цедени сокови, се јадат интегрални житарки, мехунарки, јаткасти плодови, семиња, чаеви од лековити билки!! Особено е важен оптимален внес на витамин Ц, Б 6, Б 12, Цинк и Железо, биофлавоноиди – ги има во брокули, зелена пиперка, Магдонос, цитрусно овошје.   

Хламидија – превенција

 Користење кондоми, тестирање секоја година на сите сексуално активни особи и трудници!                                                                                                                                           

Билни лековити средства:

  • Пелин – се користи намногу 20 дена (содржи некои токсични материи); особено е добар за жени, подобрува функција на репродуктивни органи.
    Се зема како Тинктура: 30 гр. мелен Пелин во 0,5 л 70% алкохол, стои 2 недели на топло, со повремено проматување. Се процедува во стаклено шише, се чува на темно и суво место!
    Се зема по 10 капки, 3 пати на ден.  
Слика: Билка Пелин; Slika: Bilka Pelin
ПЕЛИН
  • Мачкина канџа – содржи алкалоиди кои зголемуваат отпорност на организмот за 50%, одличен е природен антибиотик, за лечење воспалителни процеси, природен чистач на крв, ефикасна во терапија на лечење на стерилитет.
  • Лишај Уснеа (еврејска брада) – често се употребува во кинеската народна медицина, содржи уснинска киселина, супстанца со јако антибиотско дејство – ефикасно сузбива хламидија!  

 

Slika: Lišaj ili Usnea barbata Слика: Лишај или Еврејска брада
ЛИШАЈ, ЕВРЕЈСКА БРАДА ИЛИ Usnea barbata
  • Ехинацеа – јак имуностимулатор, се користи и во класичната медицина; ехинацеа е одлично средство за превенција и лечење на грип и на инфекции на уринарен тракт!
    Најдобро делува тинктура; препарати од Ехинацеа не смеат предолго да се користат, да се почитува упатството!   
  • Голденсеал (Hydrastis canadensis) – содржи алкалоид Берберин – има јако антифугицидно и антибактериско дејство, ефикасно уништува хламидија!
Slika: Goldenseal - iseckan i isušen
GOLDENSEAL (Hydrastis canadensis)
  • Жалфија – делува против-воспалително, антисептички, антибактериски, има благотворно дејство при воспаленија на мочни патишта, добро е помошно средство во терапија против хламидија.

    Чај од Жалфија: 1 супена лажица свежа или сува билка се прелива со 2 дл врела вода, по 30 мин се процедува. Се пијат 3 чаши на ден. 

  

Слика: Билка Жалфија Slika: Bilka Žalfija
БИЛКА ЖАЛФИЈА
  • Прополис – природен антибиотик и антимикотик, за кандида и хламидија; 3 пати по 3-4 капки размутени во 1 дл топла вода, 6-8 недели.   
  • Антибиотски напиток – во 1,5 л бело вино ставаме 4 цели неизлупени чешниња лук; се вари додека да спадне само на 2 дл течност!
    Против хламидија се зима топол напиток, 1 чаша месечно, вкупно 4 месеци.                                                                                                                                                                                


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови