Цинк и Магнезиум се многу важни минерали за нашето здравје! Најголема концентрација има во мускулите и коските.

Општо за Цинк

Учествува во активност на повеќе од 300 ензими. Сите ткива во телото го содржат.

Улога во организмот

Неопходен е за добар имунитет, забрзува лечење од настинки и инфекции, зараснување на рани, помага во апсорпција на нутриенти и варење на храна, има силни антиоксидативни својства, помага здрава делба на клетки.

Цинкот ги балансира хормоните, зголемува плодност, намалува ризик од дијабетес, подобрува здравје на срце и крвни садови, помага превенција на дијареа.

Исто така, одржува здравје на црн дроб и вид, помага раст и обнова на мускули, намалува појава на акни.

Трудници и доилки

Симптоми на недостаток на Цинк во организмот

Опаѓање на коса, чести болки во грло и настинки, нерамнотежа на хормони, неплодност, појава на акни, слабо чувство на мирис и вкус, лоша состојба на кожа и коса, дигестивни тегоби.

Цинк во исхраната

Животински извори

Говедско месо, џигер, пилешко месо, риба.

Билни извори

Во билни извори спаѓаат:

Мехунарки:

  • Тофу,
  • темпех,
  • црни и зелени зрнца соја,
  • манго,
  • грав,
  • леблебија,
  • леќа.

Лушпата на овие намирници содржи Фитати (намалуваат апсорпција на Цинк). Затоа пред да ги сварите, натопете ги во вода. Така се намалува ниво на фитати, а мехунарките стануваат и полесно сварливи.

Семки и орешести плодови:

  • Семки од тиква и сончоглед,
  • бадеми,
  • ореви,
  • семки од Чиа и
  • семки од Коноп

За подобра апсорпција на Цинкот, семките и оревчињата може кратко да ги пропржите во тава. Богати се и со други важни микро-нутриенти, како што се Б-комплекс витамини, железо, магнезиум.

Овесни снегулки

Натопете овесни снегулки одвечер или сварете ги за доручек, така полесно се варат и подобро се апсорбира цинк. Овесот е богат со калиум, калциум, бакар, магнезиум и железо.

Пченични никуци

Ако не сте осетливи на Глутен, овесна каша со пченични никулци е богат извор на овој минерал. Пченичните никулци содржат белковини и витамин Е.

Прехрамбен квасец

Одржува баланс на шеќерот во крв, но богат е и со Цинк, протеини и витамин Б12.

Препорачани дневни дози на Цинк

За жени е најмалку 9 мл гр, за мажи 11 мл гр.

За вегани и вегетаријанци овие дози се поголеми, поради присутност на Фитати во билните намирници (намалуваат апсорпција на Цинк во организмот).

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови