Црна Топола или на латински Populus nigra.

Опис, својства, состав

Листопадно дрво од семејството Врби (Salicaceae). Нараснува до 30 м висина. Крошната е разгранета и широка. Често се наоѓа на широки светли полиња, на влажна почва, покрај реки и езера. Расте брзо, живее над 200 години. Се размножува со семе, вегетативно и со коренски изданоци. Често се сади и како украсно дрво.

Стеблото се користи во индустрија за мебел, за правење иверици, но не спаѓа во долготраен вид дрво. Дебело околу 1,5 м, неретко и повеќе од тоа. Млада корка е сивобела, мазна, потоа поцрнува и станува избраздена. Достигнува дебелина до 5 см.

Коренот е блиску до површината, но исто така и многу јак, со неколку долги жили.

Имаат спирална и малку зашилена форма, долги се до 1,5 см. Лушпите на пуполците се смолести.
Лисјата се триаглести, зелени се на двете страни. Должината и ширината им се со големина со околу 6-8 см. Рабовите на лисјата се назабени, со зашилен врв, стојат на петелки долги околу 4 см.

Распротранетост и цутење

Црна Топола е дводомно дрво, машките и женските цветови се на засебни дрвја. Цветовите се собрани во реси – машките се седечки и црвени, долги околу 7 см. Женските реси се зелено-жолти, долги се до 5 см и стојат на петелки. Период на цутење е пролет – Март и Април.

Во Јуни дозреваат зелено кафеави плодови, имаат округла форма. Внатре содржат ситни светло кафеави семки покриени со влакненца.

Лековитост на Црна Топола

Пуполците на Црна Топола имаат силно анти-септичко, анти-вирусно, анти-бактериско, анти-воспалително, анти-токсично, аналгетско и смирувачко дејство.

Се употребуваат за лечење на реума, гихт, висок крвен притисок, главоболки, грип, воспаление на грло, ларингитис, бронхитис, воспаление на бели дробови, болести на мочни органи, против екцеми, за зараснување на рани и др.

Природни рецепти од Црна Топола

Рецепт за маст од пупките на Тополата

Сомелете во млин за кафе 50 гр суви пуполци од црна Топола и помешајте ги со 200 гр несолен путер (или вазелин). Се чува во фрижидер. Се утрива на делови зафатени со реума и гихт, неколку пати на ден. Ова е многу често споменуван рецепт, како во книги, така и по ТВ емисии.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови