Активен јаглен или медицински јаглен, на латински Carbo medicinalis се добива со карбонизација на лушпа од кокосов орев, од која, по изложување на многу висока температура и без присуство на воздух, се добива фин црн прав, без мирис и вкус.

Опис и намена

Во медицински намени се користи одамна, безбеден е и докажано ефикасен. Не содржи вештачки бои и ароми. Благодарение на големата специфична површина на неговите честички, активниот јаглен има способност да апсорбира голем број на отровни частички, внесени со храна или со вода (остатоци од ѓубрива, пестициди и сл.). Апсорбира и бактериски токсини, токсини внесени во организмот или токсини кои се производ на метаболизмот на активните компоненти на лековите.

Бројни студии докажале дека само 50 гр на активен јаглен има дури 17,5 пати поголема површина од фудбалски стадион!!

Активен јаглен – својства

Не се апсорбира од гастро-интестиналниот тракт и не подлежи на метаболичко разградување, туку заедно со супстанците кои ги апсорбирал се излачува надвор од организмот директно преку столицата!

Детоксикација е најдобар начин за јакнење на имунитетот. Способноста на јагленот да апсорбира и бргу да елиминира многу токсини придонесува за подобра општа здравствена состојба на организмот.

Примена во здравствени цели

Активниот јаглен е прва помош за проблеми со стомакот како што се дијареа, подуеност и грчеви. До олеснување се доаѓа бргу, по само 20-30 минути од земање на капсулите.

Грчеви во стомак. Grčevi vo stomak
КАЈ ГРЧЕВИ ВО СТОМАК

Можат да го користат и деца помали од 3 год., но со претходна консултација со доктор. Во тој случај, содржината на 1 капсула се разматува во 2 дл вода и се пие.

Активниот јаглен го покачува добриот холестерол (ХДЛ), а го намалува лошиот (ЛДЛ), со што го покажува својот поволен учинок на ниво на вкупниот холестерол во крвта!

Активен јаглен во козметичката индустрија

Годините, животниот стил и опкружувањето оставаат трагови на кожата.

Ако имате нечиста кожа, акни и митесери – подгответе маска или сапун за чистење на лице со активен јаглен. Длабински ги чисти порите, одстранува вишок на себум, хидрира кожа.

Активниот јаглен исто така се користи и за избелување на заби, помага во превенција на кариес, лош здив и болести на гингивата. Активен јаглен се внесува орално, со капсули кои се пијат со вода. Може да се користи и во вид на прав кој се нанесува на лице и на заби.

Активен јаглен за избелување на заби. Aktiven jaglen za izbeluvanje na zabi
АКТИВЕН ЈАГЛЕН ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ НА ЗАБИ

Внесениот активен јаглен во желудникот не се пренесува во дигестивниот тракт, туку преку столицата директно се исфрла надвор од телото.

Доколку основано се сомневате дека се работи за труење, активниот јаглен треба да се внесе што побргу, затоа што нема основаност да се внесува кога некој токсин веќе навлегол во нашиот систем.

НАПОМЕНА: Помеѓу земање на лекови и активен јаглен задолжително треба да се направи подолга пауза!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови