Бубрезите ослободуваат од организмот штетни материи, регулираат движење на вода и соли, го регулираат метаболичкиот, крвниот притисок, како и хормоналниот статус. Ако поради некоја причина не обавувааат функција на исфрлање на вишокот течности, електролити, штетни материи, настанува Акутна бубрежна инсуфициенција!
Можни причинители за развој на акутна бубрежна инсуфициенција се:
- Недоволна снабденoст на бубрезите со крв – поради срцева слабост, откажување на црните дробови, пренизок крвен притисок, дехидрација или од физичка повреда која ги блокира крвните садови.
- Пречки во истекувањето на урината.
- Поради зголемена простата или притисок на тумор врз уринарниот тракт.
- Повреди на бубрезите – при примена на контрастни средства, од сепса, блокада на артерии или вени во бубрезите, натрупување на кристали, белковини и др. материи, од користење на некои лекарства…
Клиничка слика:
Клиничката слика на акутната бубрежна инсуфициенција зависи од причината, тежината на состојбата и од брзината со која напредува болеста.
Во почетокот симптомите се слаби – намалено излачување на урина; ако за 24 ч количината на излачена урина е помала од 4 дл- настапува 2-рата фаза на болеста, која се манифестира со малаксаност, мачнина, слаб апетит. Ако овие симптоми се занемарат, болеста напредува – паѓа концентрацијата, се појавува нервоза, и крајно, отрпнатост, бунило и грчеви. Дишењето е длабоко и испрекинато, јазикот сув, со неволно тресење на мускулите.
Терапијата мора што побргу да се спроведе, во спротивно постои ризик и од смртен исход.
Акутна бубрежна инсуфициенција – Последици:
Најтешка и најчеста последица од акутна бубрежна инсуфициенција е нарушен баланс на течности во организмот. Водата се исфрла со потење, преку цревата и бубрезите – но ако не се одвива правилно, доаѓа до хиперхидратација на организмот! Оваа интоксикација со вода предизвикува разни невролошки пречки, проблеми со варење, како и респираторни и срцеви тегоби; може да предизвика и Анемија, како и пореметување во коагулацијата на крвта.
Дијагноза:
Ја утврдува Др специјалист Уролог!
Навремена терапија ветува добри прогнози за опоравак, но сепак се зависи и од причината за болеста. Исхраната мора да ги обезбеди енергетските потреби, но се ограничува внес на белковини! Докторите обично даваат лекарства за намалување на Фосфорот и Калиумот во крвта, а во голем број случаеви се врши и привремена дијализа (неколку дена до неколку недели), а при потешки оштетувања на бубрези и доживотно, или пак се врши трансплантација на бубрези.
Внес на течности и храна зависи од степенот на функционирање на бубрезите – колку се исфрла толку и се внесува.
Акутна бубрежна инсуфициенција – Фитотерапија:
- Лубеница – прочистува и ја подобрува функцијата на бубрезите. Исфрла натрупани соли каде и да се во телото!
По консултација со нутриционист, може да се користи за детоксификација и 7 дена да се јаде само лубеница. - За полесно мокрење: во 1 л вода вариме на тивко – 2 главици Кромид, по 1 китка Магдонос и Целер, и 8 супени лажици мед; се пие топло, по 1 чаша, 4 пати на ден.
- 1 кафена лажица лист Бреза стои 10-15 мин во 2 дл варена вода, се процедува. Се пие 2-3 пати на ден.
- Чај од пченкарна свила– во рок од 24 ч за неколку пати го зголемува количеството на излачена урина, отклонува грчеви во бубрезите, помага за исфрлање на песок и камења и намалува ниво на Фосфор и белковини во организмот! 1 полно кафено лажиче во многу топла (НЕ во врела) вода, по 4-5 минути се процедува. Се пие по 1 супена лажица чај на секои 2-3 сата.
- Зголемена простата како причина за акутна бубрежна инсуфициенција: 3 пати на ден по 1 супена лажица масло од пченични клици, семки од Тиква, чај од ситно сецкана Врбовка со полен, мед со полен и семки од сончоглед/сусам.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови