Алцхајмерова болест е прогресивно опаѓање на когнитивните функции (паметење, мислење, говор, расудување, моќ на учење и сметање).

Алцхајмерова болест: опис

Пациентот станува неуреден, запуштен, непристоен, неумесно прави шали, не препознава луѓе, залутува и не знае да се врати дома, станува ноќе, ги буди домашните. Тешко сам се облекува, тешко оди до бања и во тоалет.

Оваа болест е пропратена со депресија, нерационални мисли, зголемен мускулен тонус со грчеви, особено ноќе. Поради атрофични промени во мозокот, можна е и појава на епилептички напади.

Правилно и навремено лечење значително ја успорува болеста!

Алцхајмерова болест: симптоми

Први знаци на болеста може да се појават 10-13 години пред првите знаци на деменција. Деменција е еден од симптомите на Алцхајмер. Ако се утврдат на време, можно е со одредени превентивни мерки да се спречи, или да се успори понатамошно напредување на болеста.

Алцхајмер се лечи со Б-комплекс и со вазодилататори кои подобруваат циркулација на крв кон и во мозочното ткиво, додека против абнормално однесување се пијат психофарматици во помали дози. Постојат дневни центри за лечење и успорување на болеста.   

Помошни средства за лекување на Алцхајмерова болест

Против Деменција треба да се користи: Рузмарин (особено неговото масло), екстракт од лист на Гинко, Жалфија, Коприва (содржи минерал Бор), кора од Врба. Корисно е да се јаде лук, сремуш, скуша, лосос, туна, сардела, магдонос, бобичасто овошје. 

Примена на помошни средства за лечење задолжително мора да се одобри од Доктор! Најновите истражувања во САД покажуваат дека лекот за болеста е во јакиот имунитет!  

Од природата преопорачуваме група билки „Чувари на мозокот“:

Срдачица и прополис

Наполнете тегла до 1/3 со исецкана Срдачица (Leonorus cardiaca), додадете2 лажици ситен Прополис и сипете до врв препечена ракија од дива слива. Стои на темно место 45 дена, со секојдневно проматување. Се процедува во помали шишенца од 50 мл.

Се зема секој ден 4 пати, по 25 капки, 40 дена. Се прави пауза од 2 месеци, потоа повторете.

Глог и мед

Глог и мед за подобро функционирање на нервниот систем.

Во стаклена тегла ставете по 50 гр. цвет и плод од Глог, се додава 4 дл препечена Сливова ракија. Теглата се остава 40 дена на темно место, со секојдневно протресување. Потоа се процедува, се додава 250 гр мед и се сипа во стаклено шише. Чувајте го на темно и ладно место.

Се зема по едно лажиче еликсир со малку вода, 3 пати на ден, пред секој главен оброк.

Мед и рузмарин

Во стаклена тегла ставаме 100 гр исецкан Рузмарин и 0,5 л црвено вино. Се остава 40 дена на темно и ладно место со секојдневно протресување. Се процедува и се додава 200 гр мед. Сипете во стаклено шише, а се чува на темно и ладно место.

Се зема 3 пати на ден по 1 лажиче во 1 дл. вода.

Полен и плавун

Пречица, Плавун – Lycopodium clavatum. Чај од Плавун ја подобрува меморијата. 2 лажици сува билка се попарува со 4 дл. врела вода, по 30 минути се процедува. Измешајте со 2 лажичиња Полен и оставете да стои 2 часа.

Се дели на 2 чаши, по 1 чаша пред ручен и вечера.

Жалфија и полен

1 лажиче исецкана Жалфија ставаме во 250 мл врела вода и вариме 3 мин. Тргаме од оган и оставаме 20 мин. Се процедува и се додава по 1 лажица мед и полен.

Стои 2 часа, потоа испијте го.

Сок од Боровинки со Полен

Блендираме 2 дл зелен чај со 1/2 чаша Боровинки, 1 лажиче Куркума во прав, 1 лажиче Полен и 1 лажиче Мед.

Оставете да одстои 1 час, потоа се пие во голтки цел ден.

За подобро памтење препорачуваме 3 чаја кои се пијат 6 дена

Чај број 1:
Во 1 литар бело вино се става 1 шака корен од Линцура, стои 10 дена на топло место. Се процедува, се пие наутро и навечер по 50 мл. вино.

Чај број 2:
По 1 супена лажица лист и цвет Подабиче, Мајчина душица и Кантарион, цвет Камилица, 2 супени лажици ризом Иџирот. Се посипува со 1 л врела вода, стои 2 часа.

Се процедува, се засладува со мед, се пие полека цел ден. 

Чај број 3: По 1 супена лажица ситно сецкан лист Пелин, Магдонос, Нане и лист и цвет Ајдучица и 2 супени лажици ситно сецкан ризом Иџирот. Во 1 литар врела вода, стои 2 часа.

Лецитин содржи Холин – кој помага за памтење, дневна доза има во бразилски орев, боб, соја, леќа, семе од мак, листови од Пискавица. 

Превенција на Алцхајмерова болест: 3 ствари

Моќ на памтење се одржува со физичка активност, правилна исхрана, конзумирање пијалоци на база на Рузмарин, Гинко Билоба, Нане, Коприва. Корисно е да се јаде лук, сремуш, скуша, лосос, туна, сардина, магдонос, бобичесто овошје.

Ментална гимнастика – решавање крстозборови, играње шах, менување на дневна рутина со правење и учење нови работи, ја подобрува способноста на аналитичко мислење и меморија.

Сонот има клучна улога во процесот на памтење, мозокот ноќе анализира информациидобиени во будна состојба и одлучува што ќе зачува во долгорочна меморија. Премалку сон лошо влијае на оваа динамика.

Исхрана: рецепти

1. Правиме смеса од 100 гр ситно сецкан Рузмарин и по 50 гр Жалфија и Вероника. 4 супени лажици смеса се попаруваат со 750 мл зовриена вода, по 1 час се процедува и се пие во голтки цел ден.

2. Секое утро по 15 гр мелено семе Лен во 200 мл јогурт.

Исхраната треба да се дополни со: пивски квасец, Ореви, Алги, Рузмарин, Какао, Жен-шен, витамин Б9 т.е. Фолна киселина.

Алцхајмер и витамин Б9-Фолна киселина

Витаминот Б9 подобрува паметење и интелектуални способности на постари особи, спречува атеросклероза и мозочен удар; игра важна улога во создавање на крв и за правилен развој на плод кај трудници.

Фолна киселина има во пивски квасец, пченични клици, сончоглед, магдонос, цвекло, прокељ, спанаќ, грав, леќа, жолчка, ориз.  

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови