Анална фисура (процеп) – честа е појава. Се работи за раничка на анусот од неколку милиметри. Болките знаат да бидат непријатни.

Опис на проблемот

Последица е на преголемо напрегање на анусниот мускул (сфинктер), најчесто при отежнато исфрлање на фецес т.е. голема нужда. Дополнителен ризик е опстипација, тврда и нередовна столица.

Сфинктер претставува мускул стегач, чуја улога му е да задржи непланирано исфрлање на отпадни материи од телото – урина и фецес. Се наоѓа на крајот на дебелото црево и служи и за контрола на дефекација. При зголемено напрегање пука кожичката и се јавува процеп. Често се јавува со папила и затоа неретко се меша со хемороиди!

Симптоми кои укажуваат на Анална фисура

Се забележува по траги од крв на тоалет хартија. WC шољата исто може да има траги од светло црвена крв. Не се меша со столицата, расцепот е на самиот крај на аналниот отвор. Анална фисура не се јавува со многу крв.

Втор симптом е јака болка при дефекација, поради многуте нервни завршетоци на слузокожата. Ако после обавувањето на нужда болката трае подолго, значи дека расцепот е подлабок. Поради редовна дефекација зараснувањето е отежнато. На долните алишта се гледа секрет кој тече од анусот, поради расцепот.

Што може да биде од помош кај Анална фисура?

Докторите препорачуваат млако-топла купка од 20 мин. Ставете во купка јак чај од Камилица или од Нане. Никако не ставајте хемикалии, можат дополнително да иритираат расцеп на анус! Измијте ја регијата со благи движења и опуштете се во купката. Опушта мускули на сфинктерот и помага зво зараснување на раната.

Опоравок забрзува и маст од Невен (вообичаено се користи за рани, гребнатинки, исеченици и модринки). Мачкајте секој ден, после нужда измијте анус и мачкајте.

Секако, мелем за хемороиди е исто така ефикасен и за анална фисура. Треба да содржи борна киселина, покренува собирање и обнова на мускулно ткиво!

Совет плус

Додека користите купки и лековити креми, избегнувајте во исхраната силни зачини и лута храна!

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови