Арника (Брденка) или на латински Arnica montana е повеќегодишна зимзелена билка.  

Опис

Подземниот дел е дебел и овален. Стебликата е слабо разгранета, висока до 50 см со цветни главици и златно жолта боја. Цвета од Јуни до Август. Листовите се сместени при дното, имаат долгнавесто јајчеста форма. Целата билка е покриена со кратки влакна. Арника е планинска билка, со смолест мирис. Расте до речиси 3000 м надморска висина, на суви ливади, планински падини, покрај четинарски шуми. Во лековити намени се користи цветот и коренот.

Арника – состав

Цветот содржи Арницин до 4%, Цимарин (есенцијално масло), смолести материи и други состојки. Коренот содржи незаситени јагленоводороди, фитостероли, органски киселини, есенцијално масло…

Својства

Арниката има хемостатско, антивоспалително, зацелувачко, аналгетско дејство, подобрува лачење на жолчка. Се користи кај кардиоваскуларни болести: против исхемиски болести на срце, миокардитис, артериска хипертензија, кардиосклероза, атеросклероза, срцев ангиоспазам, ангина пекторис.

Медицинска примена

Во помали дози, препарати од цветот на Арника имаат тонички ефект на централниот нервен систем (ЦНС), а во поголеми дози можат да имаат седативен ефект, проширува церебрални садови, помага лечење на епилепсија, трауматски повреди на мозокот, мигрена, после церебрална хеморагија забрзува обновување на функционалната состојба на нервниот систем.

Мигрена
МИГРЕНА

Во гинеколошката практика се користат како хемостатско средство при разни крварења од матката, миоми на матаката, обилни менструации и разни гинеколошки крварења.

Кај гастроинтестиналните болести –  холециститис, пептичен чир на желудник и на 12-то палачно црево.

Против хематоми, едеми и при преломи на коски, некои болести на кожа, површински флебитис, трофични чиреви, полесни изгореници, воспалени места од каснување од инсекти; болки во мускули и зглобови од ревматска генеза, фурункули, апсцеси.

Одвар од цвет на Арника се користи против Гингивитис, Пародонтоза, Стоматитис…

Арника за надворешна употреба

Против Витилиго, проширени крвни садови, црвенило на кожа, мрсна и порозна кожа, алопеција и ќелавост, првут и засилено лачење на себум, потикнува раст на коса.

Витилиго
ВИТИЛИГО

Против Псоријаза, еритеми и други заразни и алергиски болести.

Рецепти

  • 1 кафена лажица цвет Арника стои 2 саата во 2 дл врела вода, па се процедува. Се зема по 1 супена лажица пред главните јадења.  
  • 2 кафени лажици сув корен Арника вариме во поклопен сад; по 1 саат се процедува. Се зема 2 пати на ден по 1 супена лажица, пред јадење. 
  • 3 кафени лажици сув цвет Арника преливаме со 0,5 л врела вода, по 2 саата се процедува. Се користи за испирање на грло и како облоги.


Тинктура од цвет Арника

Се користи внатрешно како хемостатско средство и кај разни патолошки состојби на кардиоваскуларниот систем, Централниот нервен систем и гастроинтестиналниот тракт.

Се користи и како лосион, разреден со вода 1 према 5, за да се избегнат иритации, а и во производство на алкохолни пијалоци.     


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови