Артичока или на латински Cynara scolymus.
Свежа Артичока има многу благотворно дејство врз плодот кај трудниците!
Состав и опис на Артичока
Содржи антиоксиданси – Цинарин, Силимарин, кофеинска и ферулична киселина, малку Бета каротен, Лутеин и Зеаксантин! Добар е извор на фолна киселина, витамин Ц, К и Б, богата е со Бакар, Калциум, Железо, Калиум, Магнезиум, Фосфор.
Од сите делови најмалку е делотворен делот кој се јаде, другиот дел е горчлив – но е најлековит.
Корисност на Артичока
Срце и крвни садови
Артичока намалува лош и покачува добар холестерол, не намалува синтеза на холестерол туку помага во негова разградба. Цинарин и Сесквитерпен-лактон во артичоката одржувааат здравје на срцето и крвните садови – спречува калцификација и стеснување на артериите, ангина пекторис, инфаркт и мозочен удар.
Каменчиња во жолчка
Екстракт од лисјата на артичока потикнува лачење на жолчна течност, таа е клучна за растворување на масти и холестерол, токму тие предизвикуваат создавање на каменец! Цинаринот е тука најделотворен.
Екстрактот одлично делува и врз здравјето на црниот дроб: намалува ниво на маснотии, штити од оштетувања и токсини, спречува болести, цироза и рак на црн дроб предизвикани од претерана конзумација на алкохол.
Варење
Артичоката помага кај модерниот живот со нередовни и нездрави оброци, слаба физичка активност, стрес, грижи – тоа води кон тегоби како подуеност, грчеви, болки и тежина во желудец… Артичоката отклонува вакви тегоби, има благо лаксативно дејство, помага варење на тешка храна, исфрлување на отрови и детокс на организмот.
Слабеење, дијабетес
Артичоката е одлична диетална храна! Богата е со Инулин, тој е делумно сварлив и не влијае на гликозата во крвта, што е погодно за дијабетичарите. Подобрува осетливост на инсулин и води кон подобра контрола на гликоза. Има малку калории, богата е со билни влакна и се препорачува на особи склони на дебелеење!
Артичока е помошно средство за лечење на:
Црн дроб, дијабетес, дебелина, болести на срце и крвни жили, лошо варење, жолтица, каменец во жолчка, гихт, уртикарија, реума, бубрези, астма, екцем и алергии…
Артичоката ја има во аптеките во разни форми – капсули, чаеви, екстракти, тинктури…
Билни рецепти од Артичока
Тинктура
Ставаме 450 гр лисја артичока во 1 л алкохол, 10 дена; се процедува. Се пие по 1 лажица на ден.
Чај од Артичока
1 лажица лист артичока стои 15 мин во 2 дл жешка вода, се процедува и се пие. Делува слично како и екстракт од суви лисја на артичока.
Артичока во исхраната
Сирова не се јаде, тешко е сварлива. Најчесто се пржи, пече и динста. Се јаде срцето на плодот, а може да се јаде и стебликата. Млад плод се јаде цел, а кај зрелите се одстрануваат тврдите лисја, врвот и петелките. За да не потемни се посипува со сок од лимон.
Рецепт за ручек: Артичока со боб
Состојки:
- 0,5 кг варен млад боб,
- 10 артичоки,
- 1/2 главица лук,
- маслиново масло,
- магдонос,
- лебни трошки.
Артичоките стојат 90 минути во вода за да ја изгубат горчината. Правиме компактна смеса од лук, боб, магдонос, маслиново масло и лебни трошки; се додава малку бибер и сол (по вкус и желба). Со ова се полнат артичоките и ги редиме во тава поставени нагоре.
Полеваме со маслиново масло, додаваме вода до работ на артичоките, посипаме сол, бибер и магдонос. Се поклопува и крчка 90 мин.
На здравје ручекот!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови