Астма е хронично заболување на дишните патишта, предизвикано од преосетливост на надворешни влијанија.

Симптоми

Отежнато дишење, кашлање и тегоби, со свирење во гради (најчесто рано наутро и ноќе).

Астма – причинители

Надворешни причинители се:

  • Аерозагадување,
  • глобално загревање,
  • климатски промени,
  • урбанизација,
  • алергени и
  • полен во воздухот. 

Внатрешни причинители се:

  • генетски предиспозиции,  
  • лоши животни навики,
  • нехигиена,
  • лоша исхрана,
  • чести инфекции,
  • пушење,
  • претерана употреба на антибиотици. 

Терапија

Инхалаторна терапија е поприфатлива, од билките најдобри се Подбел, Плуќниче, Дивизма, бел Слез, Оман…  

Народни медицина – рецепти:

Полесни форми на Астма:   

а) по 1 супена лажица ситно сецкан цвет и лист Подбел, Плуќниче и Добричица; стојат 2 ч. во 7 дл врела вода, се процедува и се засладува со багремов мед.
Се пие 5 дена, по 2 дл пред и по јадење.

б) во 7 дл врела вода ставаме по 1 супена лажица ситно сецкан лист Тегавец, и цветови Багрем и Дивизма; исто како а), по 1 дл пред и по јадење.      

За исфрлање слуз:     

а) во 7 дл врела вода по 1 супена лажица цвет Багрем и корен Оман (Inula Helenium L.);  по 2 ч. се процедува. По 2 дл пред јадење.       

Слика: Цвет Оман; Slika: Cvet Oman
ЦВЕТ ОМАН. Inula Helenium

б) по 1 супена лажица ситно сецкан лист Тегавец, лист и цвет Бозел и Вероника, и корен од Оман; стои 2 ч. во 0,7 л. врела вода, се процедува. По 2 дл пред јадење.    

в) по 1 супена лажица лист и цвет Плуќниче и Подбел и зрел плод Клека; стои 2 ч. во 7 дл врела вода, се процедува. Се засладува со багремов мед. На секои 2 ч. се зема по 1 супена лажица, 5 дена.    

г) по 1 супена лажица ситно сецкан цвет Дивизма и корен од Оман, 2 супени лажици лист и цвет Подбел, стојат 2 ч. во 7 дл врела вода, се процедува и се засладува со багремов мед;  по 2 дл чај пред оброк.      

Спречување на астматичен напад:    

а) дробиме по 1 супена лажица лист и цвет Плуќниче, лист Тегавец, цвет од Дивизма, Багрем и Бозел и 2 супени лажици корен од Оман; стојат 90 мин. во 1,4 л. врела вода, процедуваме. По 2 дл чај пред и по јадење.     

б) 4 супени лажици ситно рендана црна Ротква и 5 сушени лажици ситно рендан корен од Рен во 1 л. врело вино. По 2 ч. се процедува, се засладува со 2 супени лажици багремов мед, се пие 5 дена, по 1 дл на секои 2 саата.         

в)  мешаме по 1 супена лажица ситно сецкан цвет Бозел, лист и цвет Плуќниче, Бел Слез и Очајница (Marrubium vulgare L.), стои 2 часа во 7 дл врело бело вино. Се процедува и се засладува со багремов мед. Се зима на секои 2 часа по 1 дл, 5 дена.    

Slika: Cvet Ocajnica; Слика: Цвет Очајница
ЦВЕТ ОЧАЈНИЦА. Marrubium vulgare

г) 3 супени лажици ситно сецкан корен Линцура и 1 супена лажица ситно сецкан корен Коприва стојат 4 часа во 7 дл врела вода, се процедува и се засладува со багремов мед. Се зема 5 дена, на секои 2 часа по 1 дл.      

Астма – совети за исхрана       

Да се намали внес на месо;  да се јадат млечни производи и зеленчук.
Да се јаде Кромид – инхибира создавање на соединенија кои предизвикуваат спазам кај бронхијалните мускули!!
Да се мириса свежо сомелено кафе и да се пие кафе!        

  • Ситно сецкан лист и цвет Подбел, корен од Бел Слез, цвет и лист Дивизма (Lopen – Verbascum thapsiforme); 1 супена лажица смеса 15 мин. во 3,5 дл врела вода, се процедува. Се додава 1 кафена лажица мед и сок од ¼ лимон. Се пие топло, во мали голтки цел ден.     
  • По 3 супени лажици Оман и корен од Гавез и по 4 супени лажици Мајчина душица и Кучешка трева (како 1).          

Астма – народен рецепт: 

а) по 3 чаши рендан Рен/Јаболков оцет/650 гр. Мед; ренот се вари да омекне, се додава 650 гр. Мед и 3 чаши јаболков оцет. Се зема по 1 супена лажица пред оброк.    

б) 4 супени лажици наструган Рен се вари во 250 мл. јаболков оцет, се процедува и се додава 250 гр. Мед; се зема по 1 супена лажица наутро и навечер.   

Астма и искашлување – народен рецепт:  

1 црна (сточна) Тиква – се сече од горе капак и се вадат семките; тиквата се полни со 1/1 смеса од сомелен цел лимон и мед. Се става капакот и се остава да стои 46-60 часа. Се вади сокот, мекиот дел се вади со лажица и се пасира и се меша со сокот. 
Се зима по 1 супена лажица, 3 пати на ден.                  

Проширен бел дроб кај Бронхијална астма (исфрлање шлајм)

Алкохолатура од цела билка Драгољуб без корен; на 100 мл 96% алкохол се става 1 супена лажица горен дел сосе лист Драгољуб; стои 8 дена со проматување. Се процедува. Се зема 2-3 пати на ден по 1 кафена лажица разредено со малку вода.      

  • Пржиме 300 гр шеќер да зарумени, додаваме 9 супени лажици мед и 3 поголеми главици ситно сецкан лук, ставаме 1,5 л. вода и оставаме да крчка на тивко течноста да спадне на пола. Оставаме да се пролади 45 мин., процедуваме во шишиња. Се зема 3 пати по 1 супена лажица пред јадење.
    АЛКОХОЛ И ТУТУН НЕ!      
  • 1 супена лажица Хмељ вариме во 1 дл вино и 1 дл вода, се пие во голтки.       
  • Гмечиме 1 кафена лажица ситно сецкан Лук и го ставаме во уста – не се голта – вдишуваме, задржуваме здив 2-3 сек и издишуваме на нос; така 5 мин!
    Ставаме пак 1 кафена лажица ситно сецкан Лук и пак истото – 5 мин., додека да стигнеме до вкупно 20 мин третман! На крај лукот го јадеме со малку интегрален леб.
    Ова се прави секоја вечер, во траење од 5-6 недели.        
  • Во ½ супена лажица Мед ставаме 4 капки лук и се јаде; потоа пиеме 1 дл чај од цвет Анис и Подбел; 40 дена.
Слика: Цвет Анис; Slika: Cvet Anis
ЦВЕТ АНИС. Pimpinella anisum
  • Астма и слаби црева: во 0,5 л вода 10 мин. вариме 2 супени лажици Анис, се дели на 3 чаши за 1 ден.      
  • Во тенџере ставаме 4 супени лажици нарендан Рен и налеваме вински оцет да го прекрие 4 см; се вари за да омекне Ренот, процедуваме и додаваме исто толкаво количество Мед. Вариме на тивко да згусне и го додаваме варениот Рен, и чекаме да проврие. Мешаме и по 20 мин. ладење сипаме во тегла. Се зима наутро и навечер по 1 кафена лажица.    
  • Пред спиење во чинија се става малку смола од Бор и со тоа се намирисува спалната соба.        

Во продолжение уште неколку совети:

  • Лонец од 1 л. полниме до пола со млад лист Коприва; додаваме 2 супени лажици Кантарион и 2 кафени лажици Нане, и вариме 2-3 мин. во 7 дл вода. По 30 мин. процедуваме. Чајот се дели на 3 чаши во 1 ден.
    По 45 дена пациентот кашла, белиот дроб се чисти и 8-та недела се се смирува!       
  • 1 супена лажица ситно сецкан корен од Оман прелеваме со 2 дл врела вода, по 30 мин. процедуваме. Се  засладува со Мед и се пие секои 2 ч. по малку.    
  • смеса од по 20 гр. Ајдучица, Изоп, Подбел, Маточина, цвет Црн Слез;  3 супени лажици смеса стојат 2 ч. во 0,5 л. врела вода. Процедуваме, се пие во голтки цел ден.   
  • Мешаме по 25 гр. Росопас, Подбел, плод Пасидрен и Петровец; стои 30 мин. во 0,5 л. врела вода, процедуваме и делиме на 3 чаши за во 1 ден, 30 мин. пред јадење.
  • Кафе пред или при почеток на напад на Астма, болниот да дише арома од сварено кафе – ги грее дишните патишта, кои при напад се стеснуваат! Ако не е изводливо, тогаш сирово кафе во зрна!  Треба да се напушти загушливо и прашливо место, болниот да се однесе на чист – но не и ладен воздух – и тој знае да иницира напад на астма! Прија туширање со топла вода.     
  • Масло од Еукалиптус е одлично! Исто и сок од Босилек со Мед!     
    Астматичарот треба да е смирен да вдишува на нос, да издишува на уста. Веднаш се оди на лекар или се повикува амбуланта!      
  • Миеме 100 гр. свежи цветови Подбел и ги мелеме на машина за месо; ги сипаме во тегла со Мед и со миксер ја изедначуваме смесата. Се зема по 1 кафена лажица наутро и навечер; се чува на 21 степен.      
  • 1 кафена лажица осушен Копитњак во 2 дл врела вода, по 10 мин. се процедува и се пие по малку. 


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови