Багрем или на латински Robinia pseudoacaciaпознат и како Акација, бел Багрем итн.

Опис

Цвета од крај на Април до крај на Мај. Белите миризливи цветови даваат изобилство на нектар. Цветот се бере пред да се отвори, а лисјата се берат што помлади. Чај од суви цветови е вкусен и лековит при настинки и кашлица.

Состав

Свежите мешунки и семките содржат многу белковини, јаглени хидрати и маснотии. Внимани со корката, листот и смеките – содржат токсични состојки Робин, Робитин, Робинин, Фазин.

Затоа да не се користи стара корка, зрели лисја и сирови семки!!!

Рецепти од Багрем

Чај од Багрем сузбива реуматски болки, забоболка. Одличен е антисептик. Намалува зголемено лачење на киселина и помага против мигрена. Ефикасно делува против Гастритис, горушица, чир на желудник и 12-то палачно црево.

Состојки: 1 кафено лажиче сув цвет багрем се прелева со 2 дл зовриена вода. Стои поклопено 30 минути, потоа се процедува. Се пијат 2-3 вакви чаши на ден.

Стручњаците за Хомеопатија го истакнуваат како лек за зголемена желудoчна киселина, горушица која се јавува за време на спиење, мигрена, како и при воспален нерв на лицето. Се користи против вирусни заболувања, грчеви, кожни болести, чистење црева, за намалување на зголемена телесна температура, за подобро лачење на урина.

Некои домаќинки во тестото за палачинки ставаат и иситнет багремов цвет!

Багремов цвет. Bagremov cvet.
БАГРЕМОВ ЦВЕТ

Мед од Багрем

Багремовиот мед е многу ценет во цела Европа!

Не е густ, лесен е за стомак, идеален е за деца постари од 1 година, поради тоа што е благ и лесен. За возрасните исто така! Делува против стрес, нервоза, несоница…

Има проѕирна светложолто-зеленкаста боја и многу е вкусен. Споро кристализира и добива беличеста матна боја, а е со ситно-зрнеста структура. За да се декристализира теглата се става во сад со топла вода и за пола ден добиваме пак течен мед.

Багремов мед
МЕД ОД БАГРЕМ

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови