Банани се овошје што содржи три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза, комбинирани со влакна.

Подобро е да се каже ,,1 банана на ден, го држи докторот надвор од куќа“, а еве и зошто:

споредено со јаболката, бананата има 4 пати повеќе белковини, 2 пати повеќе јаглени хидрати, 3 пати повеќе фосфор, 5 пати повеќе витамин А и железо и двојно повеќе други минерали и витамини!

Бананата бргу подига енергија – 2 банани во 1 ден даваат доволно енергија за напорен тренинг од 90 минути!

Банани: терапевстки ефекти

Јадете банани ако патите од депресија!
Содржи триптофан, вид протеин кој телото го претвора во серотонин; така бананата ќе ве опушти и ќе ви го направи денот посреќен.

За време на ПМС јадете банани, содржат витамин Б6 кој регулира гликоза во крв, што може да влијае на расположение. Бананата е богата со железо и ако сте анемични ќе потикне производство на хемоглобин во крвта.

Крвен притисок – бананата речиси и да нема сол, а содржи Калиум и одлична е помош да намали ризик за зголемен крвен притисок и мозочен удар. Калиумот подобрува концентрација и моќ на учење. 

Содржи влакна и овозможува подобра фунција на цревата, а проблем со запек често решава без употреба на лаксатив.

Мамурлак – направете шејк од 1 банана, 1 супена лажица мед и 1 дл млеко; смирува желудник и надокнадува недостаток на шеќер во крв и дехидрираност.

Горушица – одлична помош, бананата содржи природен антацид, олеснува состојба. Ако се јаде меѓу оброци, одржува ниво на шеќер во крв и спречува утрински мачнини!

Меката текстура на бананата помага против цревни пореметувања, неутрализира превисока киселост и прави навлака на желудечната слузница, што помага против чир.

Стрес – калиумот во бананата нормализира ритам на срце, испраќа кислород во мозок и регулира баланс на вода во тело. Во состојба на стрес метаболизмот се забрзува и намалува ниво на калиум, затоа е добро да се изеде банана во таква состојба.

Мозочен удар – бананата, според многу истражувања, намалува ризик за дури 40%! Благотворно делува на живците, содржи Б-витамини!

Помага во одвикнување од тутун содржи витамини Б6 и Б12, а калиумот и магнезиумот опоравуваат од штетното дејство на никотинот.

Во некои држави, бананата ја препорачуваат на трудниците, намалува физичка и емоционална напнатост. Брадавици – парче корка од банана со мекиот дел се става врз брадавиците. 

Угризи од комарци – за смирување на отоци и иритација, тријте го местото со мекиот дел од корката.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови