Бета-Глукан најчесто се добива од квасец. Го има и во житарки (Овес, Јачмен), во габи (Реиши, Чага, Шитаке, Маитаке) и во некои алги.

Опис, својства, состав

Бета-глукан е полисахарид: растворливо растително влакно, со моќни својства да активира имунолошки систем и да му ја зголеми делотворноста за неколку пати. Он е Имуномодулатор, супстанца која помага организмот полесно да совладува бактерии и вируси.

Многу истражувања покажале дека бета глукан активира клучни клетки на имуносистемот – Фагоцити, Макрофаги, Неутрофили, Еозинофили и Нк-клетки. Овозможува брзо да откријат и уништат штетни патогени микроорганизми.

Бета-глукан помага процес на Фагоцитоза – внес на поголеми честички (на пр. бактериски клетки) во поголеми клетки. Белите крвни зрнца (Леукоцити) користат фагоцитоза за внесување и онеспособување на бактериите кои влегуваат во организмот. Влијае на бројноста на тие клетки потикнувајќи нивно создавање, што доведува до побрз доток на нови имуноцити во крвоток и разни органи во телото.

Анти-канцерогено дејство на Бета-Глукан

Оној добиен од квасец покажал најсилно анти-канцерогено дејство. Им помага на т.н. Неутрофили (вид бели крвни зрнца) да препознаат и да се справат со канцерогени клетки. Но, ракот се состои од голем број на клетки и за нивно одстранување се потребни повеќе месеци.

Според повеќе научни истражувања, операција или биопсија на тумори зголемува можност за појава на метастази, канцерогени клетки влегуваат во крвоток и создаваат метастази во други органи.

Важна улога има бета-глуканот со активација на неутрофилни клетки.

За слаб имунитет Бета-Глукан

Пад на имунитет е веројатна причина и за појава на афти во уста, па бета-глукан помага и против нив.
Помага и против астма и алергии, против Кронова болест, дијабетес, артритис, помага опоравок после операции, против инфекции, при изложеност на хемотерапија или радијација, против Лупус и други биолести.

Примена

Најдобро е да се зема на празен желудник, 30-45 мин. пред наредниот оброк, така се постигнува оптимална апсорпција. Пропишаните дози мора да се почитуваат, земање зголемени дози на своја рака е неефикасно.

Има поефтини производи, но тие се и со послабо дејство, треба да се користат производи со над 90% чист бета глукан.

Почитувајте ја препораката на вашиот лекар!

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови