Рак или канцер е општ термин кој се користи за да се опишат група заболувања карактеризирани со неуреден раст на клетки. Во здраво тело, клетките се делат, растат и ги заменуваат старите и повредени клетки. Кога некоја клетка мутира во својата ДНК, тоа може да доведе до неуреден раст на таа клетка и да се развие тумор. Туморите можат да бидат неопасни или опасни.
Злонамерните тумори се карактеризираат со способност да се шират во околни ткива и да прават метастази – развој на нови тумори во други делови на телото. Кога туморот се проширува во околното ткиво и формира метастази, се смета дека човекот има рак.
Рак или канцер може да се појави било каде на/во телото и може да има многу различни типови во зависност од видот на злонамерните клетки. Најчести симптоми се губење на тежина, умор, болка, губење на апетит и друго. Лекувањето зависи од типот и стадиумот во кој се наоѓа болеста. Тоа може да вклучува хирургија, лекови, хемотерапија, радиотерапија и други терапии.
Следните билки содржат активни состојки кои помагаат во уништување на клетките на ракот и спречуваат развој на метастази.
Канабис
За масло од Канабис има се повеќе клинички испитувања кои одат во прилог дека ефикасно уништува канцерогени клетки, особено рак на кожа! Маслото го има се повеќе легално да се купи во аптеките, но битно е дали ги содржи неопходните активни супстанци.
Куркума
Содржи Куркумин, еден од најсилните антиоксиданси. Спречува настанок на метастази. Куркуминот има антивоспалително и антиоксидативно дејство и спречува оксидативен стрес.
Глуварче
Цветотвите и лисјата се богати со лековити супстанци. Коренот содржи силни активни состојки кои помагаат во уништување на клетките на ракот, а притоа не ги оштетува здравите клетки!
Не се покажал ефикасен против рак на дојка.
Зелен чај
Содржи Катехини – тоа се флавоноиди! Научно е докажано нивното антиканцерогено дејство.
Грозје
Богато е со Ресвератрол, исклучително силен антиоксиданс и антимутоген. Природен е инхибитор на супстанци кои предизвикуваат рак, спречува пред-канцероген развој.
Редовно конзумирање на грозје намалува ризик од настанок на рак! При јадење грозје, најдобро е да ги изгрицкаме семките внатре, така се ослободуваат моќни активни состојки.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови