Билки добри за трудници т.е. билки во бременост отсекогаш била тешка и внимателна тема.
Опис
Бременост е природна состојба за жените.
Но, може да биде и голем предизвик. Плодот и мајката се поврзани како физички, така и емоционално и духовно. Треба да се внимава на здравјето, правилна исхрана, да се одмара и вежба умерено, да се избегнува стрес и напор.
Некои корисни билки во бременост:
Лист од Малина во бременост
Малина е одлична за одржување на здрава бременост. Подобрува работа на репродуктивните органи. Листот на малина е богат со калциум, магнезиум, железо, фосфор, калиум, витамини Б, Ц, Е, како и алкалоид Фрагарин – состојка која малината ја прави добар тоник зa овој животен период.
Подобрува плодност кај жените, ја зајакнува матката, олеснува утринска мачнина, помага процес на создавање на млеко.
Билни чај од лист Малина
Eдна полна супена лажица лист Малина прелеваме со 2 дл зовриена вода, стои поклопено 20 мин. и процедуваме. Може да се додаде коприва или нане. Се пијат 2 чаја на ден, може да се заслади со мед.
Но, овој чај не се препорачува доколку жената имала веќе спонтани абортуси.
Коприва во бременост
Богата е со железо, калциум, протеини и други важни нутриенти. Одличен е тоник за бременост! Штити и зајакнува бубрези, зголемува плодност кај жени и мажи, ја штити и мајката и фетусот, намалува грчеви во нозете и породилни болки, спречува крварење по породување, ублажува хемороиди, подобрува количество и квалитет на мајчино млеко…
Чај од коприва
Една рамна супена лажица лист и стеблика коприва се прелева со 2 дл зовриена вода и по 5 мин. се процедува. Се пијат 2-3 чаја на ден, може со мед и сок од лимон. Трудниците НЕ ТРЕБА да пијат концентриран сок од коприва!
Знаеме, коприва се бере пред да процвета!
Глуварче
Лист и корен глуварче се богати со нутриенти – витамини А и Ц, железо, калциум, калиум…Коренот е особено добар за црниот дроб, а лисјата се благ диуретик и помага против задржување на вишок вода во телото на трудницата. Од листот се прави чај или се јаде во салати.
Екстракт од семки од Грејпфрут
Одлична помош ако за време на бременост трудницата има грип или настинка. Природен е и не е штетен антибиотик кој делува на повеќето вируси и бактерии, а помага и во борба со габички. Зајакнува имунитет и не е штетен за трудниците!
Вирок (Alchemilla vulgaris)
Содржи многу фитонутриенти, а благодарејќи на танинот (горчлива материја) има силно антибактериско и антивоспалително дејство.
Вирок е одлична помош за лечење на неплодност!
Регулира хормони, потикнува раст на прогестерон и доведува до регуларна менструација. Помага во слабеење и помага против полицистични јајници – зајакнува матка и природна е заштита против абортус. Секоја родилка 8-10 дена по породувањето би требала да пие чај од вирок – го опоравува телото после тешко породување, смирува желудечни тегоби и штити од воспаленија. Тампони од вирок, купки и вагинално испирање се добри против габички и бактериски вагинитис, како и против други инфекции.
Масло од Чаевец
Одлична е помош против габички, вагинални инфекции и урогенитални тегоби (јадеж, вагинитис, габични инфекции, вагинален херпес, циститис, кандидиjаза). Се зема како вагиналета, По 2 саата се отстранува.
Избегнувајте ги овие билки во бременост
- Билки кои предизвикуваат контракции на матката: Змијски корен (Aristolochia), Кининовец (Cinchona officinalis), корен од памук, Ергот (Claviceps purpurea), Ангелика, Агава, Цикорија, Попадија, лист Магдонос, Милодух, Мацина трева (очајница), Срдачица, Шафраника, Пелин, Ајдучка трева, Рута, Поточарка.
- Билки богати со етерични масла, кои иритираат или стимулираат работа на матката: Еукалиптус, Мента, Босилек, Мајоран, Оригано, Рузмарин, Мајчина душица, Пеперминт, но ако се користат како зачин (умерено), тогаш не се опасни.
- Билки богати со алкалоиди: кафе, чај, Жолтика, Мандрагора, Мексички Јам, како и билки јаки диуретици и лаксативи.
- Билки кои влијаат на работа на хормони: Ангелика (Angelica sinensis), Сладич, Срдачица, Мексички Јам (Dioscorea villosa).
- Билки со лаксативни својства: Алое вера, Кркавина, Рабарбара, Штавел (само во поголеми количества!).
- Силни диуретици: Медветка, Смрча (Juniperus communis).
На секој производ да се гледа упатството!!!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови