Билни рецепти за акни се користат одавнина. Ви претставуваме 6 природни средства кои можат да ви помогнат да ги совладате овие естетски непријатности.

Причини за појава на акни

Стрес, премалку сон, токсини, лоша исхрана и хормонална нерамнотежа се најчеста причина за појава на Акни!

Не се работи само за хормонален дисбаланс!

Хемикалиите во фармацевстките препарати можат да предизвикаат понатамошна иритација и потенцијално се штетни за здравјето доколку се користат подолго време.

Билни рецепти за акни

Сода бикарбона

Одлично природно средство, прочистува кожа, спречува избивање на акни, ублажува воспалителни процеси. Делува како пилинг – одстранува мртви слоеви на кожа и ублажува лузни од акни. 

Билен рецепт со сода бикарбона за акни

Земете 2 лажици сода бикарбона и помешајте со врела вода за да се добие погуста паста. Нанесете на кожа и оставете ја 10-15 мин. првите неколку пати. Постапно продолжувајте го пилингот и до 60 мин или маската оставете ја преку ноќ. 

Дури и по само 1 третман дејството врз кожата е видливо!!!

Јаболков оцет

Природен лек против акни – има јако антибактериско и антигабично дејство!

Билен рецепт со јаболков оцет за акни

Има јако дејство при допир со кожа, затоа 2-3 лажичиња разредете со 60-70 мл вода. Се утопува вата и се мачка на кожа и штом се исуши се измива со вода. Ова се прави 1-2 пати на ден.

Најдобро е да се користи сиров нерафиниран и непастеризиран јаболков оцет – содржи највеќе нутриенти!

Сок од Лимон

Одличен природен астрингент, делува антибактериски и помага чистење на кожа; одличен против акни, чиреви, Розацеа и други проблеми со кожа.

Сокот од лимон се нанесува на кожа, се остава 15 до 60 мин.
Потоа се измива.

Масло од Чаевец

Антибактериското дејство од ова масло моќно делува против акни.  5-10 капки разредуваме со 50 мл вода, со натопена памучна ткаенина мачкаме на кожа.

Се нанесува неколку пати на ден или се остава под шминка!

Кокосово масло

Има јако антибактериско и антигабично дејство, со благо и хидратантно делување, со што помага против бактерии и црвенило на кожа. Не зачепува пори и им дава доволно влага.

Се нанесува и втрива во кожа, ова се прави неколку пати на ден. Користете нерафинирано органско кокосово масло!

Пченкарен скроб

Благотворно делува на осетлива кожа, сузбива акни, ублажува црвенило и иритација на кожа. Се нанесува на зафатените делови или на цело лице; ако се остави преку ноќ, наутро е видливо подобрувањето.

Покрај билни рецепти за акни, постои и начин на исхрана кој помага

Да се јаде зелен зеленчук, бобичесто овошје и чисти протеински намирници, кои не предизвикуваат нагло качување на Глукоза во крв и зголемено производство на инсулин. 

Здрави масти се основа за здрава кожа, како и во борба против акни – намирниците треба да содржат Омега-3 масни киселини (Кокосово масло, Чиа семе, Ленено семе), Цинк (кефир, јогурт, семки од тиква).

Недостаток на Цинк во организмот има директна врска со појава на акни! 

Лоши намирници:
Храна со хидрогенирани масла, глутен, шеќер, млечни производи од конвенционално производство, конзумирајте свежо домашно млеко!

Добри намирници:
Храна со низок гликемиски индекс, особено овошје со ниска содржина на јагленохидрати! Избегнувајте алергени – на пр. јајца, глутен, лактоза и разни хемиски адитиви

Интолеранција на одредени намирници е многу изразена ако болувате од Синдром на пропусни црева.

Ако патите од акни, освен промена на исхрана, се препорачува и редовно чистење на организмот од токсини!

ВАЖНО:
Не допирајте оштетени места на кожа, козметика со агресивни состојки да се избегнува, не е доволен само надворешен третман, кожата мора да е доволно хидрирана;

Лечење на акни бара упорност!

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови