Имунитет е најчестиот збор кој го употребуваме, а е поврзан со здравјето. Веруваме дека скоро сите луѓе во светот се напиле во својот животен век некои билни рецепти за јакнење имунитет.
Во продолжение имате можност да прочитате некои наши рецепти.
Билни рецепти за јакнење имунитет:
Сок од Грејпфрут и полен
Мешаме и оставаме да стојат 2-3 саати: сок од 1 грејпфрут, 1 кафена лажица поленов прав, 1 кафена лажица мед, 10 капки Прополис; се пие 2 часа после јадење, 7-10 дена.
Топчиња од Слива и семки Коприва
Состојки:
100 гр. суви сливи,100 гр. семки од Тиква, 30 гр. мелен Сусам, 20 гр. мелени семки од Коприва, 3-4 кафени лажици мед;
Сливите и семките од Тиква ги оставаме цела ноќ во ладна вода. Наутро ги процедуваме и мелеме, ги додаваме другите состојки. Правиме топчиња со големина од ½ Орев, ги валкаме во мелен Сусам или Лен. Ги чуваме во фрижидер.
Се зема секој ден по 2-3 топчиња, 30 мин. пред јадење.
Лут чај или чај од Лук
Пасираме 3 чешниња Лук, ставаме ½ кафена лажица цејлонски Цимет, 2 дл врела вода и 1/8 кафена лажица лута пиперка; оставаме поклопено 20 мин, процедуваме. Се пие во голтки, со задржување на голтките во уста.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови