Веруваме дека многу од нас кои имале проблем со синуси често се одлучиле да пробаат некои билни рецепти за синузитис. Се потрудивме да истражиме и ви претставиме некои едноставни, а ефективни рецепти.
Од билни рецепти за синузитис ви издвојуваме:
- Во крпа загреваме крупна морска сол и ја ставаме на чело колку подолго и потопло можеме да издржиме; штом се олади, пак загреваме. Потоа испираме нос, уста и грло со чај: во 4 дл врела вода ставаме 3 кафени лажици цвет и лист црвен Кантарион, 1,5 кафени лажици цвет и лист Ајдучица, стои 2 часа и процедуваме.
- Инхалација со појак чај од Камилица, Босилек, Жалфија со 30 капки Прополис. 2 пати на ден по 10-15 минути.
- Шише од 0,5 л. се полни со нарендан корен од Рен; до врв долеваме вински оцет. Стои на топло 10 дена со проматување. Смесата се вдишува 5 минути, потоа се натопува крпа и се држи на синусите 30 минути со заштитени очи.
- Во помал сад мешаме 3 дл вински оцет, 1 кафена лажица маслиново масло и еден ситно сацкан кромид; се ставаат облоги на чело, лево и десно од носот.
Сокот пече, треба да се заштитат очите!
Облогата стои 90 мин., потоа носниците и устата се мијат со одвар од по 1 кафена лажица ситно сецкан лист и цвет Ајдучица и црвен Слез, цвет Камилица, листови од Коприва и Капина, листови Бетоника и диво Нане; сето стои 90 мин. во 1,4 л. врела вода, се процедува.
Се ушмркува во нос од чајот, потоа носот се исекнува, така 3 пати. Потоа со чајот се прави гаргара на левата па на десната страна од устата; се исплукува.
На крај се пие 2 дл од чајот!
Од нос набргу испаѓа 2-3 см долг усирен гној – пак испираме носници со овој чај. Така 3 дена.
- Инхалација со чај од Еукалиптус и/или чај од Камилица со 30 капки Прополис.
- Ситно мелеме 50 гр. Рен и по 20 гр корен од Ѓумбир и Цикорија; се додава 1 кафена лажица Цимет. Смесата се држи 10 дена до топло тело, со проматување. Се зема секое утро 30 мин. пред доручек по 1 кафена лажица
- Миеме по ½ кг Рен и Подбел, мелеме во машина за месо и оставаме да стои преку ноќ; наутро се процедува и сокот се меша со 0,7 кг багремов мед. Се зема по 1 кафена лажица пред секој оброк (3-4 на ден).
За затнат нос и болка во грло
25 гр. лист Ловор вариме 3-4 мин во 0,7 л. вода; се прави инхалација пред спиење!
За отпушување на синуси:
- Преку ноќ да одстојат 5 ситно сецкани чешниња Лук во 1 дл дестилирана вода; наутро промешуваме и процедуваме; се става во секоја ноздрва по 3-4 капки, 3 пати на ден.
- Облоги од сол: во тенџере, сосем на тивко и со мешање загреваме 0,5 кг ситна морска сол; на чело се става дупла газа, а солта се сипа во ткаенина и се става врз газата, што потопло можеме да издржиме. Штом солта се олади, тргаме од чело и ставаме топол пешкир или памучна ткаенина, навечер, пред спиење.
- Капки од бел Слез: 1 супена лажица корен од бел Слез преку ноќ оставаме во оладена (претходно зовриена) вода; наутро процедуваме. Се ставаат по 3-4 капки во секој ноздрва, 3 пати на ден.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови