Билни рецепти за воспалени крајници се едни од најчесто користените во народната медицина. Воспалени крајници најчесто се предизвикани од бактерии – Стрептококи, Стафилококи, Пнеумококи, но и од Аденовируси и габички!

Билни рецепти за воспалени крајници кои ви ги препорачуваме се:

Билен рецепт број 1

Мешаме 1/1 Ехинацеа, Планински чај и Хибискус.
3 супени лажици смеса стојат 30 мин. во 0,7 дл врела вода, се процедува.

Се пие во 1 ден, поделено на 3 чаја со мед и лимон.

Билен рецепт број 2

Мешаме 1/1 Жалфија, Црн Слез и Камилица.
5 супени лажици смеса стојат 30 мин. во 1 л. врела вода, се процедува.

Со ова се прави гаргара 10 мин., на секој саат!

Билен рецепт број 3

Се земаат 3 пати по 20 капки Перополис на ден.

Се мирува во кревет!

Препорачуваме прополис и сите производи кои се во некаква врска со одгледување ПЧЕЛИ да се купуваат од проверени пчелари. Такви постојат во Македонија, само треба да ги прошетате убавите планински предели на нашата земја за да запознаете некој. Секако дека можете да прашате и пријател од доверба за некоја препорака за ПЧЕЛАР ОД ДОВЕРБА.

Сега кога се запознавте или потсетивте со некои билни рецепти останува на вас да ги примените кога ќе се соочите со здравствениот предизвик: воспалени крајници.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови