Билни рецепти за Тромбоза луѓето користеле уште во минатото. Денес многу од фармацевстките производи се базирани на проверени рецепти кои дале добри резултати во решавање на овој проблем, кој покрај здравствено, има и психичко влијание затоа што предизвикува естетски промени на телото.

Проблемот е сериозен, но се решава доколку се придржувате на советите од матичниот лекар и доколку се промени режимот на исхрана и животните навики!

Од голема помош се и напитоци и облоги на база на лековити билки!

Лековити билки од кои се прават билни рецепти за Тромбоза

Во продолжение е листа на подобри билки за решавање на овој проблем:

Див Костен

Екстракт од див Костен е природен лек за хронична венска инсуфициенција. Има антивоспалително дејство, подобрува венска циркулација на крв, нормализира венски тонус, намалува пропуштање на капилари и намалува отоци на нозете.

Добра е алтернатива за компресивни чорапи за вени, а најчесто се додава во исхраната. Мора да се користи правилно за да се избегнат нуспојави и потенцијално токсично дејство.

Гинко Билоба

Активните состојки ги шират крвните садови и го подобруваат тонусот, потикнуваат прокрвеност и спречуваат слепување на тромбоцитите, со што го заштитуваат срцевиот мускул и нервите.

Екстракт од Гинко Билоба има широк спектар на дејство против бројни пореметувања и болести поврзани со лоша циркулација на крв, како на пр. венска трмбоза,  срцеви заболувања, последици од мозочен удар, Алцхајмерова болест, па дури и канцер.

Глог

Содржи Кверцетин и Олигомерни проантоцијаниди, кои ги штитат сите крвни садови од зачепување и губење на еластичност.

Препаратите од Глог се многу ефикасни за превенција и лечење на бројни заболувања причинети од лоша циркулација, поради тоа што шират крвни садови и подобруваат прокрвеност, а спречуваат и создавање на крвни тромбови.

Кокотец

Позната и како коњска детелина. Содржи Кумарин, кој овозможува создавање на силен антикоагуланс Дикумарол. Од него се прават чаеви, тинктура, маст, мелем и купка. Ублажува болки и отоци и чувство на тежина во нозете!

НЕ СЕ препорачува на трудници, доилки и особи кои земаат терапија за разредување на крв!

Ѓумбир

Има антиоксидативно, антибактериско, антигабично, антисептичко и антипиретичко дејство. Одлично помага лечење на длабока венска тромбоза, поради тоа што спречува создавање на крвни тромбови и подобрува циркулација во артерии и вени.

За лечење се користи свеж Ѓумбир или сув корен, прав, разни тинктури, масла, чаеви, облоги и купки.

За масажа на нозе одлично помагаат тинктури од див Костен и тинктура од Линцура.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови