Што е хормонска рамнотежа, а што НЕ-рамнотежа? Веруваме дека многу од вас ќе заклучат дека често, кога не се чувствуваме добро, велиме дека се виновни хормоните. Акни, несоница, главоболки, замор, потење или губење на косата се симптоми на неправилно лачење на хормони.

За хормонска рамнотежа – билни рецепти:    

  • 100 гр Коноплика (полски див бибер – Vitex agnus castus)  или евентуално Ресник (Eupatorium canabinum) прелеваме со 0,5 л.  70% алкохол;  по 3 недели се процедува и се филтрира. Се чува во темно шише на ладно и темно место. Се пијат 3 пати на ден по 25 до 50 капки во 1 дл млака вода.   
konoplika
ПОЛСКИ ДИВ БИБЕР – КОНОПЛИКА
resnik
РЕСНИК
  • Со 1 л. врела вода прелеваме по 1 супена лажица Невен, Коприва, Вркута и Ајдучка трева;  по 15 мин. се процедува и се пие полека цел ден наместо вода.     
  • Правиме смеса од по 20 гр: цвет Бозел, стеблинки Килавица, цвет Камилица, пченкарна свила и лист Матичњак.  10 гр. смеса се вари на тивко 30 секунди во 1 литар врела вода, се лади 30 мин. и потоа се додаваат 6 супени лажици мед. Се зема по 1 дл пред и по главните јадења, останатото меѓу оброци.     
kilavica-za-hormonska-ramnoteza
КИЛАВИЦА
  • Мешаме по 50 гр: Кантарион, лист Бреза, и полско Коњско Опавче;  половината се прелева со 1 л врела вода,  по 15 мин. се процедува и се пие по малку цел ден.        

Против болки предизвикани од НЕ хормонска рамнотежа

Во 1,8 л. врела вода одат по 2 супени лажици ситно сецкана кора од бела Врба, лист Капина и Тегавец и лист и цвет црвен Кантарион.  По 2 ч. се процедува и се пие по 2 дл чај пред јадење.  

*Масло од жолто Ноќниче е богато со есенцијални масни киселини, особено гамалиноленска киселина, за хормонска рамнотежа. Корисни се и ленено масло, мелено ленено семе и капсули Омега-3  масни киселини.    

  • ½ кафена лажица корен од Сладиче 5 мин во 150 мл врела вода, се процедува. Се пие по 1 чај по главните оброци, 4-6 недели, па пуза од 10 дена.       
  • Мешаме по 30 гр корен Сладиче и Божур;  1 кафена лажица прелеваме со 2 дл врела вода, по 5 мин. се процедува. Се пијат 2-3 чаши на ден.         
bozur-za-hormonska-ramnoteza
БОЖУР
  • Облоги:  преклопуваме пешкир по должина и во средина намокруваме со 50 мл Рицинус-масло, го ставаме на стомак (лежиме на грб), покриваме со најлон и термофор со врела вода.  По 1 саат вадиме облога и се бришеме со хартија. Пешкирот не се пере, се чува во сад и утредента се сипа само 30-35 мл Рицинусово масло на истото место. Тоа се прави 7-10 дена. 

*Бонус рецепт:

Воспаление на јајници: 

Главно кај помлади жени, со силни болки во долниот дел на стомак и мала карлица, засилен секрет, евентуално и зголемена температура, забрзан пулс, мачнина и повраќање, мора ВЕДНАШ да се лечи!!

Правиме смеса од по 20 гр цвет од Бозел и Камилица, стеблинки од Килавица, пченкарна свила и лист матичњак.  Во 1 л врела вода 10 гр смеса, оставаме да врие 30 сек, тргаме од оган и по 20-30 мин процедуваме. Се пие 3 пати по 1 дл чај засладен со мед пред и по јадење, а остатокот се пие меѓу оброци со сок од лимон.  


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови