Постојат повеќе видови, но најчесто се користи црн Бозел – Sambucus nigra.

Лековити својства

Цветови од Бозел содржат многу гликозиди, флавоноиди, каротени, рутин и витамин Ц. Бобинки од Бозел содржат алкалоиди, каротени, танини и органски киселини, витамини А, Б и Ц.

Флавоноидите се моќни антиоксиданси, затоа бозелот се користи како помошно средство за лечење на дегенеративни болести и како превенција на карциноми. Зајакнува имунитет и така спречува настинки и грип.

Бозелот има антивирусно и антимикробно дејство. За превенција од грип се земаат 4 супени лажици бобинки, а за лечење на грип се користи и екстракт на Бозел. Помага и против астма и воспаленија на дишни патишта – олеснува дишење и помага искашлување.

На пролет, цвет од Бозел се користи и против алергии на полен. Поттикнува излачување на токсини од лимфните жлезди. Помага и против акни, чиреви, коњуктивитис и кожен осип. Бозел има лаксативно, но и диуретско дејство и така помага во работа на бубрези.

Се користи при состојби во кои е пожелно посилно потење, лечи и водена болест. Со овие дејства, помага и во слабеење, а помага и против дијабетес. Се користи во креми за дамки и флеки на кожа, против акни.

Воопшто, Бозел е билка со широк спектар на дејство. 

Употреба на деловите на Бозел

Во лековита намена се користат сите делови, но најчесто цветовите и бобинките. Младите изданки и лисја се берат во април и мај, делуваат како диуретик, се користат за чистење на крв и лечење на дијабетес.

Цветовите се берат на крај на мај, по сончево и суво време. Се користат за потикнување на потење и за лечење на болести на дишниот систем. Од цветовите на Бозел најчесто се прават сируп, чај, одварок и ликер.

Кората од стеблото се бере во февруари-март, како и во октомври-ноември. Делува како лаксатив, против водена болест и како помош при слабеење.

Бобинките се берат во септември, се користат против авитаминоза, неуралгии, запек, стрес, слабост, тегоби со варење. Од зрели бобинки се прават џем, овошен прав, ликер и вино.
Од изданоци и млади лисја се прават маст или прав, а од кората чај.

Внимание: зелените делови на Бозелот содржат токсини кои можат да предизвикаат мачнина, повраќање, пролив, гушење, тешко дишење и болки во стомак. Суров Бозел пред употреба мора добро да се попари со зовриена вода или да се провари. 

Подготовка на чај од Бозел

Чај против реума, грип, температура:  1 супена лажица суви или свежи лисја Бозел се вари 10-тина минути во 150 мл вода, се додава малку мед и се пијат по неколку лажици во тек на денот.

Чај за брзо слабеење: 1 супена лажица ситно насечкан корен Бозел се вари во 150 млл вода 20-30 минути. Ова се пие полека во тек на денот.

Чај за потење при грип и настинки, а и превентивно: 2 кафени лажичиња сув цвет Бозел се прелива со 250 мл зовриена вода и по 10 минути се процедува. Чајот помага и за чистење на крв.

Чај против проблеми со столица: 1 кафено лажиче суви бобинки Бозел стојат 12 часа во 2 дл ладна вода, се загрева и се пие пред доручек.  

Чај за чистење на желудник: помеѓу дебелата корка и средината на стеблото има светлозелена обвивка и од неа се прави чај. 2 кафени чажичиња исецкана светлозелена маса се прелева со 250 мл зовриена вода и по 10 минути се процедува.  Се пие полека, во голтки.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови