Боровинки или на латински Vaccinium myrtillus.

Опис, својства и состав

Плодовите од боровинки имаат љиљакова боја, многу поретко многу темна, речиси црна боја.  
Боровинките се вистинска супер храна, пребогати се со нутриенти со исклучително поволно дејство на здравјето! Имаат малку калории. Богати се со Манган, витамин Ц и К, со диетални влакна, Калиум, Калциум, Фосфор и со фитонутриенти.

Особено се богати со Пектини (намалуват холестерол) и со Антоцијани (силни антиоксиданси). Антоцијаните даваат сина, љиљакова и црвена боја на овошје и зеленчук. Се смета дека намалуваат ризик од воспаленија и од рак.

Лисја од Боровинки

Чај од лисја, ако редовно се утрива во скалп, стимулира раст на коса. Помага против пролив, воспаление на усна шуплина и ждрело и против Дијабетес, особено тип 2, регулираат ниво на шеќер во крв. Плодовите имаат низок гликемиски индекс!

Плодови од Боровинки

Редовна конзумација на Боровинки многу поволно делува на крвен притисок, без разлика на возраста.

Здравствена корисност на Боровинки

Штитат очна мрежница

Таа е под зголемен ризик од т.н. Оксидативни оштетувања. Антоцијанините ја штитат од оксидативен стрес и од негативно влијание на сончево зрачење, помагаат лечење на слаб вид и намалено видно поле. Антоцијанините делуваат на капиларите во мрежницата така што им ја зајакнуваат функцијата и спречуваат дегенерација на жолтата дамка.

Делуваат на мозок

Вршени се опити со особи стари околу 76 години и давани им се Боровинки 3 месеци. Тестовите покажале значително подобрување на когнитивните функции. Боровинките не подобруваат само меморија, туку одложуваат и почеток на други когнитивни проблеми поврзани со стареење и можат да имаат добар учинок против Алцхајмерова болест!

Конзумирање и чување Боровинки

Свежите имаат најдобар вкус и најголема прехранбена корист. При купување боровинки (или при берење) најдобри се бобинките со жива и уедначена боја.

Ако купувате во канчиња, протресете ги, треба лесно да се движат. Ако се лепливи, најверојатно биле замрзнувани и потоа одмрзнувани или пак долго се чувани, затоа омекнале, се оштетиле, а можеби фатиле и мувла.

Ако ги замрзнувате, најпрво проверете ги сите плодови и одстранете ако има скапани и мувлосани.
Плодовите не се мијат веднаш по берење или купување! Мијте ги пред да ги јадете!

Освен свежи, боровинките можат да се користат и преработени во сокови и џемови, како и во колачи и сладоледи.

Ставете боровинки при подготовка на шејк или овошни салати. Додајте ги во житарки, добивате здрав доручек!

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови