Босилек или на латински Ocimum basilicum во многу држави низ светот се смета за ,,света“ билка!

Опис

Најдобро успева во топли климатски услови; нараснува до 1 м во висина. Лисјата имаат од светло до темнозелена и љиљакова нијанса, долги се околу 4 см, широки околу 2 см. Цветовите се големи, бели или љиљакови. Има повеќе видови – медитерански, азијски, тајландски итн. 

Употреба

Европскиот сладок Босилек е кулинарски вид, се користи ширум светот. Пред употреба треба добро да се измие со млаз вода (од прашина и пестициди). Во јадења се додава на крај на готвењето, за да се зачува вкусот и мирисот. Со варење се губат етеричните масла. Се користи како зачин во многу јадења.

Корисност

Свежи лисја се користат за топли облоги, семето се меле и се додава во јадења. Има антисептички својства, намалува јадеж од убоди на инсекти со триење на свеж лист врз местото на убодот, а природно одбива инсекти од простории. Помага против кашлица и бронхитис, а во комбинација со други билки е одличен против настинки. 

Од Босилек се прави тинктура.

Лековити дејства на Босилек

Има лесно антидепресивно дејство. Позитивно делува на кората на надбубрежните жлезди, стимулира хормони кои регулираат реакција на стрес, подобрува памтење, делува и против замор. Често се користи против пролив, цревни паразити, грозница и инфекции на кожа, помага регулација на менструален циклус, стимулира имуносистем.

Намалува мочна киселина – причинител на гихт и артритис, а помага и против болки и воспаленија настанати од артритис. Содржи многу Е-бета кариофилен, добар е против артритис и болести на црева. Содржи и Еугенол, Цитронелол, Линалоол и Мирицен.

Лековитите дејства на Босилек се корисни во овие случаеви:

Делува против бактерии и габички кои предизвикуваат болести, запушени синуси со инхалација – истовремено убива патогени бактерии и габички причинители на инфекција на синуси.

Рецепт:
2 супени лажици сув лист Босилек попаруваме со 1 л зовриена вода, стои поклопено 5 минути и потоа се инхалираме 7-8 минути, а деца само 2-3 минути.

Ова се прави два пати на ден.

Босилек се користи и за третман на:

  • астма
  • болести на бели дробови
  • срцеви заболувања (превенција!)
  • намалува стрес
  • освежува уста
  • негува заби
  • спречува формирање на камен во бубрези
  • за кожни тегоби се прави паста од лисјата

Лечи кожни пореметувања и со внатрешна и со надворешна примена, благодарејќи на неговите етерични масла. Содржи Камфен кој дава ефект на ладење.

Босилек делува и против:

  • главоболки
  • прерано стареење
  • зајакнува имунитет
  • кашлица и настинки
  • подобрува здравје на очи (со натопени лисја во вода миеме очи – делува против коњуктивитис, јачменче и други очни проблеми, кои настанале од вирусна, бактериска или габична инфекција).

Босилекот има и антиканцерогено дејство.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови