Бресина, приморски Вресок, Чубар или на латински Satureja subspicata.

Опис, својства и состав на билката

Бресина е медитеранска билка, расте во форма на густ низок жбун, со висина до 0,5 м. Бојата на цветовите е црвеникава. Постои и вид со бели цветови, Планински вресок (Satureja Montana) кој расте на поголеми висини, на карпест терен.

Пчеларите во приморските предели прават чај од билката и со тоа прават шеќерен сируп за прихрана, така пчелите стануваат поотпорни на болести.

Бресина има округла стеблика со фини влакна, расте до 40-50 см во висина. Коренот е јак и добро развиен. Има линеарно ланцетести кожести лисја, долги до 3 см, широки 2-3 мм, шилести, со влакнести рабови. Стојат на сосем кратки петелки, а некои се и без нив.

Цветовите се двополни, собраани по 3-7 во метличести цватови. Венчето е бело, понекогаш и црвеникаво. Чашката е ѕвонеста, со 5 зашилени забци.
Прашниците се светло љиљакови, ги има 4. Имаа 1 толчник. Бресина е покриена со многубројни жлезди, полни со етерично масло.

Најчесто се наоѓа во поголеми групи, расте меѓу камења, на сончеви суви места. Се размножува со семе и со резници.

Се употребува надземниот дел од билката, пред или за време на цветање. Се суши во тенок слој на прозрачно место. Се користи и како зачин.

Здравствена употреба на Бресина

Бресина има анти-бактериско дејство. Од надземниот дел се произведува етерично масло со дестилација со помош на водена пареа. Богато е со феноли.

Се употребува против инфекции во уриносистемот, како и за дигестивниот и белодробниот систем.

Колку Бресина е битна за Пчеларите

Период на цветање е Август до Октомври, идеален за дополнителна пчелна паша. Пчелите од Бресина збираат големи количества нектар и добри количества полен! Ова е особено важно, во овој период во природата има се помалку билки кои се корисни за пчелите. Медот е светложолт до зеленкаст, спаѓа во квалитетните видови мед.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови