Ванила или на латински Vanila planifolia.
Опис, состав, својства на билката
Трајна ползавица, со долга стеблика со која се качуваа по дрвја. Лисјата се месести, тесни и јајцелики. Цветот е зелено-жолт. Ванила е мешунка, односно непотполно зрел тоболец на орхидеја ползавица.
Се одгледува плантажно, највеќе во Мексико, но и во топлите европски области. Цвета во Мај и Јуни.
Името го добила од шпанскиот збор Ваниљаваина, што значи острица на меч, слична со ванилината мешунка.
Ванила – користење
Ванила е кралица меѓу зачините за слатки јадења. Најчесто се користи за ароматизирање на колачи, пудинзи, кох, слатки јадења, напитоци и слатки умаци.
Најчесто се користи ванилин шеќер кој се произведува од вештачки ванилин. Визуелна разлика меѓу прав и вештачки ванилин е во тоа што вистинскиот има црно кафеави точки кои се остаток од сомелена мешунка. Вештачкиот ванилин е бел. Се берат мешунки кога се зелени и после сушење добиваат кафеава боја. Во процесот на сушење доаѓа до ферментација и зајакнување на миризбата.
Во диеталните јадења, ванилин се користи за зајакнување на арома – пациентите вкусот го прифаќаат, а е прифатен и поради лековитите својства и поправање на лош вкус на други лековити препарати.
За Ванила се вели дека има стимулативни својства.
Западната народна медицина ја употребува за лечење на грозница, хистерија, несоница, општа слабост на организмот, реума, слаба сексуална потенција и замор.
Лековити рецепти од Ванила
Етеричното масло од ванила се користи за нега на сува, осетлива и уморна кожа како и за масажа на цело тело при стресни состојби на организмот.
Тинктура за подобрување на апетит:
Сомелете 10 гр стапчиња ванила и оставете да стои 8 дена во 1 дцл 70 % алкохол. Процедете. Со ова се ароматизираат јадења и напитоци.
Зачинување и ароматизирање на јадења со цели стапчиња:
Кратко се проварува цело стапче заедно со јадењето кое се подготвува. Потоа се вади, се остава да се олади и се чува во затворен сад со шеќер. Со време и шеќерот се ароматизира и се користи како зачин за слатки јадења.
Ванила секогаш мора да се чува во затворен сад.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови