Витамини Б комплекс се група на Б витамини за кои не сме ви пренесле информации до сега – ги има повеќе.

Витамини Б комплекс се:

  • Б1 или Тиамин
  • Б2 или Рибофлавин
  • Б3 или Ниацин
  • Б5 или Пантотенска киселина
  • Б6 или Пиродиксин
  • Б7 или Биотин
  • Б9 или Фолна киселина
  • Б12 или Цијано-кобаламин.
  • Во Б витамини спаѓаат и Колин и Инозитол.

Б витамини – функција

Клучни се за неколку стотици различни ензимски реакции во организмот. Резултатот од нивното дејство се:

  • убава кожа,
  • коса,
  • нокти.

Тиамин, Рибофлавин, Биотин и Ниацин заедно учествуваат во производство на енергија.

Пиридоксин, Цијано-кобаламин и Фолна киселина учествуваат во претварање на Хомоцистеин, во разградлив дел за телото.

Витамин Б12 и Фолна киселина содејствуваат во процесот на развој на ткива, а другите Б витамини влијаат на кардио-васкуларниот систем.

Витамини Б комплекс – дефицит

Недостаток на еден или повеќе витамини од Б групата предизвикува зголемен ниво на Хомоцистеин во телото и крвните садови, што двојно зголемува ризик од срцев и мозочен удар. На намалување на нивото на Хомоцистеин на безбедно ниво, особено влијаат Фолна киселина и витамин Б12.

Б витамини во бременост

За жал, според официјалната статистика, дури 300.000 деца се раѓаат со некој вид на деформитет. Недостаток на Фолна киселина е една од причините за спонтан абортус. Првите неколку недели од бременоста се исклучително важни и потребно е доволно ниво на Фолна киселина за развој на фетусот.

Добро расположение и нервен систем

Тоа се хемиски материи со чија помош комуницираат неуроните во мозокот. Сите сме слушнале за Серотонин, Допамин и Ацетилхолин. Овие неуротрансмитери настануваат од протеини, односно од аминокиселини, кои се всушност составен дел на протеините.

За синтеза на аминокиселините најважен е витамин Б6. Недостаток предизвикува промена на расположението т.е. агресивност, раздразливост, немотивираност, замор, депресија и сл. Важна улога играат и другите Б витамини – Б12, Б3 и Б1.

Недостаток на енергија, замор и витамини Б комплекс

Храната која ја внесуваме содржи јаглени хидрати и масти кои треба да се претворат во енергија. Витамин Б1 е клучен во тој процес, за добивање на Гликоза, од која телото и мозокот добиваат енергија. Витамин Б2 учествува во производство на енергија на клеточно ниво и на производство на енергија од масти.

Анемија и витамини Б комплекс

Да, но понекогаш се јавува и при добро ниво на железо во крв! Ако имате недостаток на Фолна киселина и витамин Б12 се јавува Анемија со сите симптоми – замор, малаксаност, тропање на срце…

Б комплекс витамини во храна

Одличен извор се целозрнести житарки, комбуха, банани, компир, чили пиперки, мехунарки, квасец (особено пивски).

Фолати има и во зелен лиснат зеленчук, лешник.

Здрава цревна флора исто така произведува одредени Б витамини, на пр. Биотин!

Предозираност со Б витамини е редок случај, растворливи се во вода и лесно се одстранува вишокот од организмот.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови