Поради недостаток на Витамин А во некои неразвиени земји дури 50% од децата годишно заболуваат од болести на очи, од кои дури 10% сосем ослепуваат!

Повеќето од тие слепи деца не преживуваат.

Финкции на овој витамин

Главна функција на овој витамин е продукција на Родопсин – пигмент на видот! Одржува вид и прилагодува очи на намалена светлина. Дефицит на овој витамин најпрво се приметува на очите, особено ослабен вид во самрак и ноќе.

Врска помеѓу Витамин А и имуно-системот

Во организмот секојдневно се раѓаат клетки на рак. Ги инуштува имуно-системот или генски ги репрограмира.

Само мал број витамини ја има таа способност, а тоа обично го прават хормоните. Такви наредби можат да дадат витамин А и витамин Д.

Постојат гени на рак кои ги активираат слободните радикали. Овој витамин ги гаси тие гени, а каротеноидите додатно ги уништуваат слободните радикали и ги спречува да дојдат до гените!
Секојдневен внес на овошје и зеленчук кои се богати со провитамин А и со каротеноиди го одржуваат одбранбениот систем против рак!

Најдобри извори на витамин А

Животните овој витамин го произведуваат од билни бои каротеноиди. Од околу 600 разни каротеноиди, само околу 50 можат во човековото тело да се претворат во овој витамин. Затоа носат име Провитамини А!

Каротеноиди се таложат во телесните масти и само по потреба се претвораат во витамин А, колку што е во тој момент потребно – никогаш не можеме да земеме премногу провитамини А (каротеноиди) од билни намирници!

Најмногу го има во Морков, Матовилец (вид салата), зелена зелка, спанаќ, црвена пиперка и кајсија.

Овој витамин добиен од животински извори директно оди во црн дроб и тука се складира. Организмот го зема по потреба. Значи, готов витамин има само во намирници од животинско потекло – џигер, риба…

Витамин А – претпазливост

Доколку премногу се конзумира, станува токсичен и може да предизвика сувост на кожа (особено на усни и околу нив), перутање на кожа и главоболки. Препорачани дневни дози на овој витамин се 2.700 до 4.000 интернационални единици. Преголем внес може да оштети плод кај трудници и треба да внимаваат на внес, максимално до 5000 И.Е. на ден.

Дефицит

Недостаток на витамин А во организмот предизвикува тешки пореметувања, болести на очи, слепило, подложност на инфекции, па и смрт!

Друг симптом на дефицит е Ксероза, очните јаболчници губат влажност, стануваат суви и воспалени, острината на видот е намалена. Недостаток на витамин А предизвикува и подложност на инфекции и анемии (витамин А е неопходен за создавање на Хемоглобин) дури и ако доволно внесуваме железо!

Други симптоми се груба, сува и нагло остарена кожа, слаба моќ на миризба, слаб апетит, чест замор, дамки на кожа, појава на очно јачменче, дијареа, губиток на сјај на коса, појава на првут, кршливи нокти…

Недостаток на овој витамин исто така може да предизвика оштетување на плод и треба да се внимава!

Пушачи, трудници и Витамин А

Бета-каротен и некои други каротени во присуство на дим од цигари се претворуваат во токсични соединенија. Сепак, ако сте пушач не избегнувајте овошје и зеленчук кои содржат каротеноиди. Доколку додатно земате од овој витамин, изберете готова форма на витаминот, а не каротеноиди!

Трудниците во првите 6 месеци бременост не смеат да јадат џигер и да земаат таблети со овој витамин. Спротивно на тоа, каротеноидите се здрави во време на бременост!

Морков како извор на Витамин А

Сок од морков содржи бета каротен (кој по потреба се претвора во споменатиот витамин), но и многу други каротеноиди. Во свежиот зеленчук каротеноидите се во клетките, па низ ѕидовите на цревата не можат оптимално да доспеат во организмот. Најдобро се апсорбира каротен од свеж сок или од варен морков – клеткините ѕидови се уништени и се ослободува каротен.

Овој витамин е растворлив во масти, па во варен и свеж морков, како и во сок, може да се додаде маслиново масло.

Зголемени потреби за овој витамин

  • вегетаријанци,
  • лица постари од 65 години,
  • пушачи,
  • при недостаток на цинк,
  • тие кои редовно конзумираат алкохол,
  • ако имате Кронова болест,
  • болести на црн дроб
  • дијабетес
  • или земате лекови (за регулирање на желудечна киселина – Кортизон)

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови