Витамин К е исклучително важен витамин за нашето здравје кој неправедно ретко се споменува.
Општо за Витамин К
Доколку сте забележале дека имате слаби коски и сте склони на хронични инфекции, раните поспоро и слабо ви зараснуваат – веројатно имате недостаток од овој витамин во телото! Го има многу во зелен лиснат зеленчук и ферментирана соја.
Има два вида, К1 (Филоквинон) и К2 (Менаквинон).
Билките произведуваат витамин К1. Во човековиот организам, со помош на дигестивни бактерии, го птретвораат во К2. К2 има во ферментирана храна и во животински производи.
Кељ, Спанаќ и Брокула се најбогати со овој витамин.
Доколку во исхраната ретко имате лиснат зелен зеленчук, но и доколку пиете антибиотици (уништуваат добри бактерии во црева) можна е појава на недостаток од овој витамин.
Бенефити од Витамин К
Овозможува нормално згрутчување на крв. Запира крв ако се исечеме по кожата, со активирање на протеини кои се заслужни за коагулација.
Превенира остеопороза
Калциум и витамин К чуваат здравје на коски. Помага во калцификација на коски! Недостаток од овој витамин носи ризик од слаба густина на коски и доаѓа до скршеници, како и од појава на артритис и остеопороза.
Штити здравје на срце и бубрези
Спречува таложење на калциум во крвните садови, т.е. превенира нивна калцификација и во бубрези.
Одржува здравје на заби
Овозможува активирање на Остеокалцин, протеин кој е важен за здравје на коски и на заби.
Долговечност и Витамин К
Разни истражувања утрвдиле дека луѓе во 60-те години па натаму, кои имаат низок ниво на овој витамин имаат зголемен ризик од прерана смрт (од која и да е причина).
Освен во горе спомнатите намирници, витамин К има и во Праз, Салата, Шпаргли, Коријандер, зелени мешунки, Грашок…
Овој витамин може да се најде во различни диететски производи т.е. суплементи во аптеките.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови