Витилиго е кожно пореметување од кое пати околу 2% од светското население.

Опис на болеста

Клетките кои произведуваат пигмент Меланоцит се оштетени или уништени. Како последица се појавуваат бели флеки на кожата, од мали до поголеми, на лице, раце и врат, понекогаш и на други делови на телото.

Причинители на болеста

Вистинскиот причинител сеуште е непознат, но се смета дека веројатна причина се т.н. Автоимуни болести, на пр. заболена штитна жлезда или Адисонова болест.

Се наведуваат и други причини, како што се трауми, екцем, изложеност на хемикалии, недостаток на некои нутриенти (фолна киселина, витамин Б12, бакар, цинк…).

Исхрана кај Витилиго

Се препорачува битна промена во исхраната за да се очисти организмот од насобрани токсини. Воспалителните процеси често започнуваат во системот за варење и така настануваат автоимуните болести, во кои припаѓа и Витилиго.

Општо кажано, се препорачува храна богата со антиоксиданси, на пример Калинки, Јагоди, Киви, Брокули, Кељ, орешесто овошје, Ѓумбир, Цвекла, црвена Зелка…

Лекување на Витилиго

Конвенционалното лечење вклучува фото-хемотерапија, кортикостероидни креми, трајна депигментација на здрава кожа. Но, тука постои опасност од посериозно нарушување на здравјето, затоа пробајте со природни решенија.

Традиционална кинеска медицина

Укажува на пореметен тек на енергија во организмот поради ветер, влага во воздухот и ниски температури. Кожата слабо се снабдува со важни нутриенти, што може да предизвика Витилиго.

Кинеските доктори советуваат подобрување на циркулација и елиминација на енергетска болкада во организмот. Помага и акупунктура, како и примена на билки, на пр. Астрагалус, семки од црн Сусам и Ангелика.

Применуваат и тинктура од билката Psoralea corylifolia која се добива од семките на билката – носи назив ,,Бакучиол“. Се нанесува тинктура и зафатената кожа кратко се изложува на природна сончева светлина. Псоралените во билката кожата ја прават осетлива на сонце и потикнуваат додатно создавање на Меланин во кожа заслужен за темен пигмент.

Природните препарати делуваат индивидуално, некому едни, на други – некои други.

Билки кои помагаат кај Витилиго

Гинко Билоба

Помага репигментација на кожа. Билката има силно анти-воспалително, имуно-стабилизирачко и анти-оксидативно дејство. Многу помага против оксидативен стрес, кој се посочува како ризик фактор за појава на Витилиго. Екстрактот од билката успоруваа процес на ширење на Витилиго.

Доколку земате лекови за разредување на крв или се подготвувате за операција, не земајте Гинко Билоба.

Бакар (вода од бакарен сад)

Кај многу пациенти е забележан недостаток на бакар. Го има во зелен лиснат зеленчук, во бадеми, спирулина. Пијте вода од бакарен сад, стимулира меланоцити и потикнува репигментација на кожа.

Куркума и масло од Горушица (Црна Слачица, Brassica nigra)

Помешајте 5 лажички куркума во прав со 250 мл масло од Црна Слачица за да добиете паста. Мачкајте на зафатена кожа 2 пати на ден, оставете да делува 20-на мин., потоа измијте со топла вода. Двете состојки помагаат репигментација на кожа и имаат силно анти-воспалително дејство.

Кантарион кај Витилиго

Помага така што намалува стрес. Помага и јога и медитација. Витилиго се влошува при состојби на зголемен стрес.

Алое Вера

Алое Вера богата е со витамини А, Ц, Б12 и фолна киселина, минерали хром, цинк и бакар кои потикнуваат репигментација на кожа.

Додатоци и домашни природни помошни средства

Омега-3 масни киселини, полифеноли од зелен чај, алфа-липоинска киселина, гама-линоленска киселина, кверцетин, цинк, витамини Б12, Б9 (фолна киселина), бета каротен.

Особи кои патат од Витилиго не смеат да се излагаат на подолго дејство на сончеви зраци, бидејќи белите дамки се многу осетливи. Заболени од Витилиго имаат и зголемен ризик од настанок на Меланом.

Заштитете ја кожата со природен препарат со висок заштитен фактор. Носете лесна облека, со долги ракави.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови