Вишна или на латински Prunus cerasus – многу е богата со витамини: витамини А, Ц, Е, фолна киселина, магнезиум, железо, влакна…може да се јаде неограничено. Категоризирана е како супер храна! Има благотворно влијание на целиот организам.
Состав
Содржи пигмент црвен Антоцијанин, го има повеќе во вишните отколку во капините, јагодите и рибизлите. Содржи многу Бета-Каротен и антиоксиданс мелатонин, важен за регулирање на срцев ритам и стареење.
Бенефити
Има големо благотворно дејство на кожата, помага оздравување и опоравок по операции, подобрува сон и има смирувачко дејство во период на менопауза.
Превенира рак, особено рак на дебело црево. Свеж плод помага во слабеење, а по напорни вежби отклонува замор. Се користат свежи, сушени или замрзнати.
Вишна за Црн Дроб
Рецепт: Мешаме по 1 супена лажица изронети лисја Вишна и лисја Коријандер, прелеваме со 7 дл топла вода и загреваме до вриење. Намалуваме оган и вариме на тивко 30 минути. Се процедува по 30 минути. Се зема по 2 супени лажици на ден од овој чај, по 1 после доручек и вечера. Штом чајот е при крај, се пие само навечер пред спиење. Терапијата трае 1-2 месеци.
Вишна кај Хепатитис А
Ситно рониме 10-тина суви лисја вишна и ги мешаме во емајлиран сад со 3 дл вода. Загреваме и вариме на тивко 30 минути. Се лади 30 минути и се процедува. Се пие по 60 мл чај, трипати на ден.
Тинктура кај Импотенција
Ситно рониме 20 суви лисја вишна и ги ставаме во тегла со 2 дл 96% алкохол. Затвораме со капак, оставаме да стои 21-25 дена, со секојдневно проматување. Потоа се процедува во шишенца со капалка. Во 150 мл вода се накапуваат по 2-3 капки тинктура и се пие по оброците.
Чај од Вишна
Помага за исфрлање песок од уринарниот тракт, против целулит и умор, болести на бубрези и хронична кашлица. Лист од Вишна се користи за разубавување, против првут и отечени очни капаци.
Чајот многу поволно делува на заболен црн дроб!
Чај од петелки и лист вишна
Помага против песок во мочниот канал, против целулит и импотенција, бубрежни болести и хронична кашлица.
Лисја од вишна потопени во пиво
Одличен еликсир за тело. Овој напиток намалува воспаленија, штити нервен систем, помага во превенција на рак и против тегоби во менопауза, подобрува и сон.
Рецепт: Во сад стааваме 1 полна супена лажица суви лисја вишна и сув цвет Кантарион; прелеваме со 7 дл топло пиво, загреваме до вриење и вариме 30-40 минути на тивок оган. По 30 минути се процедува.
Се пие по 2 супени лажици процедок, три пати на ден, по оброците (последните 2 лажици пред спиење). Ова трае 2 месеци.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови