Воловски трн или Волско трње или на латински Eryngium campestre.
Опис
Припаѓа во групата на многу лековити билки!
Трајна билка, расте во форма на проретчен и разгранат трн со многу боцки. Лисјата се седечки или на кратка петелка; тврди се и по работ назабени. Има штитесто соцветие, овојни и назабени цветни лисја со долг боцкав врв. Билката има зеленкасто-сина боја, со сиво-зеленкаст цвет. Достигнува должина до 50 см. Цвета од Јули до Септември. Расте на суви и песокливи места, многу е распространета.
Изданците се сечат на пролет и во есен; се суши на провевно место.
Својства на волско трње
Содржи сапонини, етерично масло, малку танини и алкалоиди, како и јаболкова, лимунска, малонска, оксална и гликолна киселина, инулин и калиумови соли.
Лисјата можат да се користат и во салати.
Примена на волско трње
Составот укажува на можност билката да се користи против бронхитис со густа слуз. Донекаде влијае и на излачување на урина, а против кашлица и како диуретик има послабо дејство. Се користи и за регулирање на шеќер во крвта и за прочистување на крв. Покажало корисно дејство и за регулирање на менструален циклус. Потикнува и лачење на пот, покажала добро аналгетско, антивоспалително и спазмолитичко дејство.
Сепак, често ја има во чајни смеси против бронхитис и кашлица, задржување на урина и за пролетни и есенски лековити приправоци за прочистување.
Не се утврдени значајни нуспојави!
Да се знае: Постои и друг вид волско трње – Eryngium planum, кој покажал добро дејство против голема кашлица; билката има синo стеблo и цветна глава, во се друго е слична со претходната билка!
Здравствена корисност на волско трње
Воопшто земено, воловско трње помага за:
- стимулира лачење на млеко кај доилки
- против дијареа
- кај високо ниво на уреична киселина
- против циститис и уретритис
- против симптоми на грип со слуз
- против воспалени мускули и зглобови (антивоспалително дејство)
- ублажува гадење и повраќање
- против сувост на кожа
- кај псоријаза и егзема
- рани во уста
- …
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови