Гагамија е интересна билка како за пчеларството, така и поради лековитоста!

Гагамија – изглед и својства

Гагамија или Волчја нога, на латински – Lycopus europaeus. Билката е повеќегодишна и зељеста, расте околу 50 см во висина. Има исправена стеблика угоре, најчесто е гола, многу поретко влакнеста. Лисјата имаат издолжена и елиптична форма, бојата им е зелена. Стојат на кратка дршка или се седечки. Површината на лисјата е засечена со режневи. Цветовите се мали, со бела боја, со по некоја дамка и стојат во пазувите на лисјата. Период на цутење е од Мај до Август. Се размножува со семе и со изданоци.

Билката содржи Ликопин, Танини, етерично масло. Богата е со флавоноиди, деривати на фенолна киселина, а од минералите флуор и манган.

Распространетост

Важи за добра медоносна билка, која дава и нектар и полен. Обично се наоѓа на повлажни места, по ливади, покрај обали на реки и езера и по рабови на влажни шуми. Надземниот дел се бере во цвет, се одсекува горната половина. Се прават китки и се суши во тенок слој во ладовина.

Лековитост на гагамија

Екстракт од билката делува на метаболизам на јод и на лачење на Тироксин – хормон на штитна жлезда. Редовна конзумација нормализира работа на штитна жлезда, како и баланс на хормони воопшто, кои биле пореметени поради хиперактивност на штитната жлезда.

Исто така и при состојби на грозница, пролив, одлив на крв и бело перење. Екстракт од Гагамија спречува работа на ензими неопходни за производство на мочна киселина, предизвикувач на гихт.

Нусефекти

Нусефекти не се забележани. Сепак, не се препорачува на деца и на трудници, како ни на особи кои имаат хипотиреоза (намалено лачење на хормони на штитна жлезда).

Чај од Гагамија

Се спрема од 2 рамни лажици сува иситнета билка, се прелева со 250 мл зовриена вода и се остава поклопено 10 минути. Потоа се процедува. Се пијат 2 чаши на ден, млак незасладен чај.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови