Глог или на латински Crataegus monogyna покрај за срцеви болести, се користи и како седатив за нервна напнатост. Олеснува симптоми на менопауза. Има анти-инфламаторни ефекти, помага во елиминација на штетни масти, ослободува од вишок килограми.

Опис

Расте до 2 метра во висина, но во шумите се развива и до 8 метри во висина. Китки или бобинки од билката се тркалезни, црвени плодови, со горчлив и кисел вкус до првите студови, а потоа се помеки и повкусни.

Својства

Глоговите содржат витамин Ц, провитамин А, винска киселина и лимонска киселина, шеќери и многу пектин. Затоа се погодни за правење џем, мармалади и вкусни домашни сирупи. 

Џем од Глог. Dzem od Glog
ЏЕМ ОД ГЛОГ

Примена

Најпознатиот рецепт од цветови и лисја е токму чајот од глог за срце.

Црвениот глог цвета во мај и јуни. Екстрактот добиен од лисјата помага за подобра циркулација и го зајакнува срцевиот мускул, па се препорачува и за помлади луѓе со стресно секојдневие.

Чај од Глог е одлична превенција од сите кардиоваскуларни нарушувања!!

Што лечи црвениот глог

Има силен смирувачки ефект. Олеснува нервна напнатост, опушта тело, релаксира ум, делува против хроничен замор, недостаток на енергија, немирен и лош сон, останување без здив, вртоглавица, силно чукање на срце, бучава во ушите, нервна напнатост, регулирање на висок и низок крвен притисок.

Глог за смирување
ГЛОГ – СМИРУВАЧКИ ЕФЕКТ

Чај од глог за срце

Чајот од глог е природен диуретик – стимулира исфрлање вишок вода од организмот, па е многу корисен за слабеење, но исто така и во случај на целулит и болести на зглобовите.

Чај од глог се препорачува и во менопауза, ги ублажува симптомите. Билката е особено добра кога станува збор за хипертензија и висок холестерол – главни причини за срцев удар. Бобинки од глог се најдобриот природен лек за спречување на овие болести.

Рецепт за чај: Земете 1 до 1,5 гр. лисја и цветови или 0,3 гр. од мелените плодови. Се истураат во 150 мл зовриена вода. Се трга од оган и се остава да отстои кратко време. Пијте три пати на ден.

Тинктура од глог

Анти инфламаторен ефект на Глог
АНТИ-ИНФЛАМАТОРЕН ЕФЕКТ НА ГЛОГ

Тинктурата исто така има и антиинфламаторни својства, поради што е корисно во случај на воспалителни заболувања на зглобовите. Капките од билката помагаат и при воспаление на црева или улцеративен колитис.

Ублажува непријатни проблеми и симптоми на ангина пекторис, регулира крвен притисок и го држи под контрола, му помага на срцевиот мускул да пумпа крв посилно, поефикасно и подобро, ги регулира неправилностите во работата на срцето, особено во случај на непредвидлива аритмија, регулира крвен притисок и др.

Можни несакани ефекти

Иако добро се поднесува и со минимум нус-ефекти, билката не треба да се користи во комбинација со лекови против срцеви заболувања. Во тој случај, неопходно е да се консултирате со лекар или фармацевт.

Рецептите од глог не се препорачуваат во време на бременост и доење, а сите други можат да го консумираат најмногу 5 дена. Потоа се прави пауза од 3 дена (освен ако не е во состав на смеса).


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови