Голема кашлица, Магарешка кашлица или на латински Pertusis.

Ошто за болеста

Од голема (магарешка) кашлица можат да заболат сите, без разлика на возраста. Кај бебиња може да биде многу опасна.

Најдобра заштита е имунизација на 2, 4 и 6 месеци возраст! Потоа се дава на 4 годишна возраст и во тинејџерско доба и возрасни кои живеат или работат со мали деца.

Предизвикувач на голема кашлица е бактеријата Bordetella pertussis.

Голема кашлица: опис

Почетни симптоми се како кај настинка – течење од нос, чувство на замор, понекогаш пратена и со блага температура.

Потоа почнува кашлањето, обично во бранови, со отежнато дишење. Кај мали деца дури има појава и на попримање темна боја на лице поради кашлањето, па неретко е потребна и хоспитализација.

Кај постари деца и возрасни не е толку опасна, но симптомите трајат долго и покрај терапија!

Болеста се пренесува каплично. Мора да се лечи. Особата е заразна дури и 3-4 недели од почетокот на симптомите. Обично настапува 7 дена по заразување.

Заразување е можно и покрај имунизација. Деца се вакцинираат на време. Имунизацијата не дава доживотна заштита, а понекогаш и не е потполна.

Корисни совети кај Голема кашлица

Држете бебиња подалеку од особи кои кашлаат!

Доколку заболите, почнете веднаш со препишана терапија од страна на вашиот лекар и избегнувајте контакт со други луѓе, особено со мали деца!

Голема кашлица се лечи со специјални антибиотици и тоа е добра превенција болеста да не се пренесе на други! Алтернативна помош олеснува симптоми.

Алтернативна, помошна терапија

Сируп за ублажување на тешка кашлица

Состојки:
2 гранчиња Мајчина душица, 1 стапче цејлонски Цимет, 1 лажица исецкан кромид, 1 чешне исецкан Лук, 1 луто пиперче (засечено), 150 гр мед, 50 мл свеж сок од лимон и 50 мл маслиново или кокосово масло.

Постапка:
Во тава ставете Мајчина душица, Цимет, Лук, Кромид и луто пиперче, полијте ги со маслата и со мед.
Луто пиперче подобрува доток на крв до воспаленото подрачје, (што во овој случај тоа е грлото), така се забрзува оздравувањето. Загревајте и мешајте додека да достигне точка на вриење. Тргнете од оган и ставете капак. Оставете сосем да се олади и процедете.

Во процедениот мед и маслата умешајте сок од лимон и сипете ја течноста во шише и добро затворете. Во фрижидер трае 3 недели, па и подолго. Се зема 3-4 пати на ден по 1 лажица.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови