Горка диња, Карелиа или на латински Momordica charantia – во пресек плодот е шуплив, со тенок слој на месо и голема семка во средина. Многу е горчлив!

Активните состојки на горчливата диња попречуваат метаболизам на гликоза во канцерогените клетки па така им го скратуваат неопходниот шеќер за развој.

Голем број на истражувања спроведени на глодари, покажале дека сок од горка диња намалува раст на тумор на панкреас. По само 72 часа бројот на туморни клетки бил намален за дури 90-98%.

Сокот не предизвикува штетни нуспојави. Сокот помага против рак на простата, црн дроб, дебело црево и на дишни патишта. Спречува ширење на леукемија и Неуробластом (неуроендокрин тумор). Зајакнува имунолошки клеткини функции кај луѓе кои боледуваат од рак.

Лековитото дејство на горката диња се припишува на нејзината состојка гликопротеин Лектин, која ја содржи во висок процент. Според активноста, Лектинот е сличен на инсулинот, бидејќи намалува концентрација на шеќер во крв и делува како имуномодулатор.

Други дејства на сокот од Горка диња или Карелиа 

Делува антивирусно, штити од маларија, ублажува тегоби со варење, помага против дијабетес, уништува цревни паразити, забрзува слабеење и оздравување на изгореници…

Внимание:
Сокот од горка диња не се препорачува на трудници и доилки, содржи супстанци кои предизвикуваат контракции на матката и се пренесуваат преку млеко.

Кај нас ретко може да се најде некој кој одгледува Горка диња. Во блиско минато преку ТВ слушнавме дека некои земјоделци од источна Македонија започнале да одгледуваат но немаме точни информации, па останува на вас да се распрашате.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови